Хитлерова младина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хитлерјугенд (германски: Hitler-Jugend, скратено HJ, во буквален превод Хитлерова младина) била паравоена организација на Нацистичката партија. Постоела од 1922 до 1945 година. Хитлеровата младина е втората најстара паравоена нацистичка група, основана една година по СА, организација создадена за истите цели, но за возрасни.
Remove ads
Учење

Хитлеровата младина била замислена да стане група на „ариевски суперлуѓе“ и била учена на антисемитизам. Првата цел била мотивирање на членовите да се борат верно за Третиот рајх. Повеќе се работело на нивна физичка и воена обука, отколку на образование.
Откако младешкото извидничко движење било забрането во германските територии, било заменето со членови на Хитлеровата младина, којашто била поинаква во однос на целите и начинот на работење. На пример, многу активности на Хитлеровата младина наликувале на воена обука, со обука за оружје, тактички напади и основна стратегија. Суровост на постарите членови кон помладите била дозволена до одреден степен, па дури и препорачана, бидејќи верувале дека со тоа ќе се отстранат послабите и ќе се зацврстат останатите.
Членовите на Хитлеровата младина носеле униформи многу слични со оние на СА, со слични чинови и значки.
Remove ads
Почетоци
Хитлеровата младина е основана во 1922 како ⓘ. Седиштето било во Минхен, Баварија, намената била за тренирање и регрутирање на идните членови на СА, паравоено крило на Националсоцијалистичките германски работнички партии или НСДАП, германски нацистички партии. После неуспешниот Хитлеров-пуч (1923), хитлеровата младина е официјално распуштена, но многу елементи едноставно преминале во илегала, делувајќи во тајност во мали единици. Организација е повторно формално воспоставена на почетокот на 1926 година, година дена откако што и самата нацистичка партија е реорганизирана.
Remove ads
Поврзано
Надворешни врски
- За Хитлеровата младина на The History Place (англиски)
- Пропаганден филм за ХЈ од триесеттите Архивирано на 19 март 2007 г. (германски)
- Хитлерова младина - Целосна историја и слики (англиски)
![]() | Оваа статија поврзани со Третиот Рајх е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads