Хлотар I

From Wikipedia, the free encyclopedia

Хлотар I
Remove ads

Хлотар I[1] (c. 497 29 ноември 561 ), наречен Стариот (le Vieux), Крал на Франките, бил еден од четирите синови на Хлодовик. Се родил околу 497, во Соасон (денешен Ен, во Пикардија, Франција).

Thumb
Монети од Хлотар I

Живот

По смртта на неговиот татко во 511, тој како дел од кралството го добил градот Соасон, кој го направил своја престолнина; градовите Лан, Ноајон, Камбре, и Мастрихт; и долниот тек на реката Меза. Но бил многу амбициозен и сакал да го прошири своето кралство.

Thumb
Поделбата на Галија по смртта на Хлодовик (561).

Тој го побарал убиството на децата на неговиот брат Хлодомер во 524, за да го прошири кралството кон градовите Тур и Поатје. Водел разни воени походи против Бургундија и после уништувањето на тоа кралство во 534, го добил Гренобл, Ди, и некои други соседни градови.

Кога Остроготите ја отстапиле Прованса на Франките, тој ги добил градовите Оранж, Карпантрас, и Гап. Во 531, тргнал во војна против Турингите со својот внук Теодеберт I а во 542, со неговиот брат Хилдеберт I против Визиготите од Шпанија. По смртта на неговиот правнук Теодебалд во 555, Хлотар ги припоил неговите територии кон своите. По смртта на Хилдеберт во 558 тој станал единствен крал на сите Франки.

Тој исто така владеел и со поголем дел од Германија, имал воени походи во Саксонија, а Саксоните требале да му плаќаат одредено време годишен данок од 500 крави. Кралот на неговото владеење е одбележано со внатрешен раскол. Имено, неговиот син Храмн дигал бунт против него на неколку наврати. По бегството на Храмн во Бретања, Хлотар го фатил, го затворил заедно со жената и децата во некоја кочија којашто ја запалил. Паднат во очај поради таквата постапка, отишол во Тур да бара прошка на гробот на Св. Мартин, и набрзо потоа починал во кралската палата во Компиењ.

Remove ads

Семејство

Првиот брак на Хлотар бил со Гунтеука, вдовицата на неговиот брат Хлодомер, некаде околу 524. Тие немале деца. Неговиот втор брак, кој се случил околу 532, бил со Радегунда, ќерка на Бертакар, Крал на Турингија, којшто тој и брат му Теодорих го поразиле. Таа подоцна била канонизирана. Тие исто така немале деца. Неговиот трет и најуспешен брак бил со Ингунда, со која имал 4 сина и 2 ќерки:

Неговиот следен брак бил со сестрата на Ингунда, Арегунда, со која имал син, Хилперик, Крал на Соасон. Неговата последна жена била Хунзина (или Хунзине), со која имал еден син, Храмн, кој станал непријател на татко му но кој починал пред него. Се верува дека Хлотар се оженил исто така и со Валдрада која потоа ја оставил.

Remove ads

Предци

Понатамошни четива

  • Bachrach, Bernard S. (1972). Merovingian Military Organization, 481751. Minneapolis: University of Minnesota Press, ISBN 0-81660-621-8.
  • Geary, Patrick J. (1988). Before France and Germany: The Creation and Transformation of the Merovingian World. Oxford: Oxford University Press, ISBN 0-19504-458-4.
  • James, Edward (1991). The Franks. London: Blackwell, ISBN 0-63114-872-8.
  • Oman, Charles (1914). The Dark Ages, 476918. London: Rivingtons.
  • Wallace-Hadrill, J. M. (1962). The Long-Haired Kings, and Other Studies in Frankish History. London: Methuen.
  • Wood, Ian N. (1994). The Merovingian Kingdoms, 450751. London: Longman, ISBN 0-58221-878-0.
Remove ads

Белешки

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads