Хмонгмјенски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хмонгмјенските јазици (наречени и мјао–јао) се јазично семејство во јужна Кина и југоисточна Азија. Со говорат во планинските предели на југот на Кина, во покраините Гуејџоу, Хунан, Јинан, Сечуан, Гуангсји и Хубеј, каде нивните говорници се познати како „ридски народ“ (што историски се должи на нивното истиснување од плодните речни долини од страна на побројните ханските Кинези). Во текот на последните 300–400 години Хмонгците и некои Мјени се иселиле во Тајланд, Лаос, Виетнам и Бурма. Како последица од Индокинеските војни (1946-1979), многу говорници на хмоншките јазици се преселиле во Австралија, САД и други земји.
Remove ads
Сродство
Хмоншките (мјао) и мјенските јазици (јао) се сосем посебни, но сродни јазици. Најголемите разлики се состојат во развојот на фонологијата. Хмоншките задржале голем дел од првобитните согласки од прајазикот, но со значајно помали разлики во краевите на слоговите. особено губење на полусамогласките во средината на зборот и согласките на крајот. Мјенските јазици пак, во голема мера ги задржале краевите на слоговите, но со намален број на почетни согласки.
Се смета дека ова јазично семејство потенува од средината на јужна Кина, помеѓу реките Јангцекјанг and Меконг, но постои основана претпоставка дека говорниците се преселиле од посеверни краишта под притисок на проширувањето на ханските Кинези.[1]
Remove ads
Особености
Како многу јазици во јужна Кина, хмонгмјенските јазици се претежно едносложни и аналитички. Важат за едни од најтонските јазици на светот: говорите лонгмо и зонгди на хмонг имаат дури дванаесет тонови.[2] Од особен фонолошки интерес се и безвучните сонанти и ресични согласки во јазикот; во секој друг поглед, фонологијата е типична за регионот.
Јаизицте имаат збороред од обликот „подмет-прирок-предмет“ (SVO) но не се строго десноразгранувачки како крадајските и највеќето монкмерски јазици, бидејќи имаат присвојни и бројни зборови пред именката како во кинескиот. Бројот на предлози е крајно оскуден и во највеќето случаи се користат сериски глаголски конструкции на место на предлозите во јазиците како македонскиот. На пример, би се употребила конструкција што би се превела како „е близу“ наместо предлозите „во“ или „на“ во македонскиот.[3]
Покрај тоналноста и отстуството на предлози, друга необична одлика е изобилството од бројчени класификатори и нивна употреба на места кајшто други јазици би употребиле определени членови или други показни зборови за измена на именката.
Remove ads
Писма
- романизирана народна азбука
- Полардово писмо
- пахау хмонг
- нов монг Архивирано на 28 јануари 2013 г.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads