Христо Џорлев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Христо (Ицо) Џорлев — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис
Христо Џорлев е роден во градот Кукуш, тогаш во Отоманското Царство. Влегол во ВМОРО и извршува терористички наредби на Централниот комитет.
Во мај 1898 година по наредба на Дамјан Груев, Ицо Џорлев заедно со Андон Ќосето, со помош на Аргир Манасиев, Илија Докторов и Иван Телјатинов, го убиваат во Гевгелија пред очите на кајмакамот, Христо Цицов (Цицо), истакнат водач на патријаршиската партија. По убиството, од Солун преку организациски канал е испратен за Бугарија. Од таму по кратко време заминува во четата на Крсто Б'лгаријата. Загинува во борба со турските аскер во Тиквешко [1][2].
Негови потомци се Наско и Зоран Џорлеви [3].
Remove ads
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads