Андон Ќосето

македонски револуционер From Wikipedia, the free encyclopedia

Андон Ќосето
Remove ads

Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето или Касапот (1855 - 10 септември 1953) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Својата дејност ја започнал како терорист на Македонската револуционерна организација, а подоцна станува нејзин војвода.

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Потекло

Андон Ќосето е роден во 1855 година во село Голозинци, Велешко. До 16-годишна возраст се занимава со овчарство, заедно со двајцата браќа и двете сестри. Откако неговиот татко е уапсен и одведен во Солун, се преселил во Велес кај својот чичко.

Терорист

Живеејќи во Велес Андон убил истакнат Турчин и избегал во Солун, каде што се приклучува на Македонската револуционерна организација и првично извршува терористички задачи. Се запознал со Даме Груев и добива наредби директно од него. Потоа станува пајтонџијата на доктор Христо Татарчев, со што ја крие својата нелегалната дејност. Во тоа време во Солун пристигнал неговиот постар брат Никола, кој се ставил во услуга на турските власти. Андон Ќосето сам предложил да го убијат брат му, за да не ја издаде организацијата, што и се случило. Учествувал во ликвидацијата на српскиот ренегат во Солун Пејчиновиќ [1].

Во мај 1898 година по наредба на Даме Груев, заедно со Ицо Џорлев од Кукуш и со помош на гевгелиските раководители Аргир Манасиев, Илија Докторов и Иван Телјатинов, го ликвидираат во Гевгелија пред очите на кајмакамот, Христо Цицов (Цицо), истакнат водач на гркоманската партија во градот, доушник на властите [2][3][4]. За кратко време се вратил во Солун, но морал да стане илегален за да не биде уапсен од властите.

Remove ads

Четништво

Заедно со четата на Илија Крчовалијата и Михаил Апостолов - Попето изнудиле пари од првенците во селото Горно Броди, а потоа го обиколиле Кукушко. Ќосето со неколку работници на Организацијата, одвлекол еден чорбаџиски син за кој по 25 дена добиле 1 000 лири. Поради несогласувањата со четата заминал за Бугарија каде бил уапсен од бугарските власти. Гоце Делчев и Антон Бозуков издејствувале негово ослободување. Во Софија извршувал наредби на Гоце. Заедно со Гоце Делчев и Михаил Апостолов учествувал во неуспешно грабнување на едно струмичко бегче. Учествувал во Аферата мис Стон, бил задолжен за ослободување на грабнатите. На 23 февруари 1902 година грабнатите биле ослободени од Андон Ќосето во село Градошорци, во непосредна близина на Струмица.

Илинденско востание

Thumb
Андреј Докурчев (лево), Андон Ќосето (во средина) и Марко Христов (десно) во 1903 г.

Во текот на Илинденското востание заедно со Ѓорче Петров и Лука Иванов предводи чета во Прилепско. Во село Тројаци се судруваат турски аскер, а потоа се разделува со Ѓорче Петров, Лука Иванов и Пере Тошев и оди во Велешко. Заминувајќи од село Скачинци на 17 октомври со 30 лица четници доаѓа во судир со 500 души турски аскер кај месноста Клепа. Меѓутоа од заднина аскерот бил нападнат од чета составена од 70 души предводена од Борис Сарафов. Во оваа битка загинаале 4 четници и 65 турски војници. Со својата чета успеал да се пробие во ноќта но на двапати наишол на турски заседи меѓутоа успеал да се извлече. Од селото Просениково четата на чело со Ќосето се упатиле кон границата и успеале да стигнат во Ќустендил во средината на декември 1903 година.

Remove ads

Постилинденски период

По востанието ја организирал и подготвувал селската милиција во Струмичко и Малешевско. Во овој период тој учествува и во работата на Серската група, во 1905 година се повлекува од активна револуционерна дејност. Поради своја терористичка активност и блискот со Серчани, по убиството на Борис Сарафов и Иван Гарванов, бил затворен неколку месеци, меѓутоа бил ослободен.

Балканските војни

Со почетокот на Балканските војни во есента 1912 година Андон Ќосето заедно со Јонко Вапцаров, Георги Занков, Тоше Колчагов, Таско Кочерински, Михаил Чаков, Лазар Топалов, Стефан Чавдаров, Пејо Јаворов и други, формираат чета на чело Христо Чернопеев. Заедно со 12-а чета од 27-ми чепински полк, четата ја напаѓа Мехомија. Потоа тој служел во штабот на 13 кукушка дружина. Андон Ќосето умрел во Горна Џумаја во 1953 година [5][6][7].

Remove ads

После Втората светска војна

Центар за настани поврзани со културната автономија на Македонците во Пиринскиот регион беше градот Горна Џумаја, каде што во тоа време живееше Ќосето. На 23-24 мај 1948 година во Скопје се одржа вториот Конгрес на Народниот фронт на Македонија на кој говор одржа и Претседателот на Народна Република Македонија, Лазар Колишевски. Тој истакна дека Договорот од Блед е од големо значење за македонскиот народ и во Народна Република Македонија и во Пиринска Македонија. Колишевски ги истакна придобивките за македонскиот народ од културната автономија и постигнатите успеси во тој поглед. Врз основа на тоа, Колишевски рече: „Сите овие успеси што се постигнати во Пиринска Македонија во градењето и развојот на националната култура, како и во проучувањето на литературниот македонски јазик, зборуваат сами за себе колку е голема, големата жед на нашиот народ во Пиринска Македонија да го совлада своето книжевно творештво во најкус можен рок. Делот од говорот на Колишевски во врска со обединувањето на Пиринска Македонија со Народна Република Македонија предизвика позитивни емоции и чувства кај многу Македонци во Пиринскиот регион и во Бугарија воопшто , вклучително и Андон Ќосето. Оттука, скоро еден месец по говорот на Колишевски на 9 јуни 1948 година, Андон Ќосето испрати поздравна телеграма до Лазар Колишевски.

Во него, Ќосето вели:

„Јас како воен другар на Гоце Делчев и Јане Сандански го поздравувам Вашиот историски говор на Вториот конгрес на Народниот фронт, во којшто ние гледаме надеж дека наскоро ќе се исполнат идеалите на нашиот македонски народ, да живее - еднаш засекогаш, под еден покрив. Андон Ќосето“ [8]

Андон Ќосето починал во Благоевград, во 1953 година.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads