Христо Волканов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Христо Стојанов Волканов — македонски просветен деец и револуционер, деец на ВМРО.
Животопис
Волканов е роден во 1874 година во селото Песочница, во околината на Лерин. Тој е брат е на Константин Волканов. Во 1897 година завршил во машката гимназија во Солун, а во 1901 година Физико-математички факултет на Софискиот универзитет и станал учител во Сер. Се приклучил кон ВМРО и од 1902 до 1903 година бил член на Серскиот окружен револуционерен комитет[1]. Добил место и како учител во Битола, каде во октомври 1905 година бил кукавички убиен од грчки терорист на излегување од куќниот праг. Како одговор на неговата смрт ВМРО ги убива претставниците на грчкиот комитет Тирче Танти и Михаил Папајани. Имал еден син со Ангелина Топалова, синот Христо Светиев род. Волканов. По смртта на Христо Волканов, браќата на Ангелина (која била од голема фамилија од Дебар, со потекло од Пешкопеја, денешна Албанија) ја мажат за Тодор Светиев, трговец од Битола чија жена починала на породување.[2][3]
Remove ads
Родословие
Аспасија | Тодор Светиев (ок. 1880 - ок. 1946) | Ангелина Топалова (ок. 1886 - ок. 1954) | Христо Волканов | Евлогиј (1878 - 1913) | Сотир Светиев | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Никола Пепељугов | Викторија | Борис (1903 - ок. 1986) | Стефан (1911 - ок. 1946) | Методи (1920-1996) | Христина (р. 1914) | Христо | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лили Лазаревска | Павлина Шкрља | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Remove ads
Галерија
- Свадбена фотографија на Христо и Ангелина Волканови
- Ангелина пред одарот на убиениот сопруг Христо, и други угледни граѓани од Битола
- Погребот на Волканов
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads