Песочница (село)

село во Општина Лерин, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Песочница (село)map
Remove ads

Песочница (грчки: Αμμοχώρι, Амохори; до 1927 г. Πεσόσνιτσα, Песосница[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 1.250 жители (2011), од кои Македонците се огромно мнозинство.[3]

Кратки факти Песочница Αμμοχώρι, Земја ...
Thumb
Песочница оддалеку.
Remove ads

Географија

Селото е сместено во Леринското Поле, околу 6 км источно од Лерин и 4 км северно од Кучковени. Низ Песочница тече Мала Река.

Историја

Во Отоманското Царство

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) ја опишал Пешошница како македонско село.[4][5] В 1861 г. австрискиот интелектуалец Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Вардар ја обележал Песочница како македонско село.[4][6] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Песочница живееле 850 Македонци христијани и 200 Турци.[7][8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Песошница се води како мешано македонско-турско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 156 куќи.[9]

Според извештај на бугарскиот трговски агент во Битола, Андреј Тошев, на крајот на 1902 г. сета Песочница (село во Леринската околија со 156 куќи) потпаднала под врховенството на Бугарската егзархија и нејзината пропаганда, а претходно била поделена помеѓу егзархијата и Цариградската патријаршија (грчката проаганда).[10][11] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Песочница живееле 800 Македонци, сите под егзархијата.[7][12] Во Песочница работело бугарско училиште со учител Б. Ацев.[13]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 794 жители, кои во 1920 броеле 796 лица.[3] Во 1920-тите малобројното турско население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите доселиле 156 грчки колонисти од Понд. Во 1927 г. селото е преименувано во Амохори, што е грчки превод на македонското име(букв. „песочно село“).[14] Во 1928 г. во Песочница се попишани 1.092 жители, од кои македонските мештани останале огромно мнозинство.

Во 1940 г. населението се зголемило на 1.508 жители.[3] За време на Втората светска војна селото е окупирано од германски војска и во него е отворено бугарско училиште.[15] Селото не настрадало во Грчката граѓанска војна, па затоа во 1951 г. е попишано со 1.582 жители.[3] Во 1961 г. населението броело 1.510 жители, но во 1961 г. се намалил на 1.310 лица поради иселување на извесен број на Македонци во прекуоканските земји, и на грчките доселеници во околните градови. На пописот од 1981 г. Песочница броела 1.362 лица, кои во 1991 г. се зголемиле на 1.600.[3] Во следниот период населението повтороно опаднало, со 1.294 во 2001 и 1.250 во 2011 г.

Remove ads

Цркви

Thumb
Црквата „Св. Ѓорѓи“ (лево) во Песочница.
  • „Св. Атанас“ — изг. во 1910 г.
  • „Св. Никола“ — изг. во 1960 г.
  • „Св. Ѓорѓи“ — изг. во 1980 г.

Селска слава е Ѓурѓовден, на 23 април.[16]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото има прилично плодно земјиште. Се одгледуваат жито, тутун, компир и бостан, а делумно е застапено и сточарството.[3]

Личности

Thumb
Константин Волканов
  • Џим Антон (1944 - 2007) — деец на македонската дијаспора во Австралија
  • Георги Поп Иванчев — револуционер од МРО
  • Димитар Гердев — револуционер
  • Кице Грдечки — револуционер од МРО
  • Коле Маринчев — револуционер од МРО
  • Константин Волканов (1868 – 1927) — просветен и револуционерен деец
  • Наум Петров (1869 – ?) — револуционер
  • Наум Гинков — деец на МРО, учител во битолското село Ѓавато, војвода на песочничката чета во Илинденското Востание[17]
  • Никола Маринчев (1884 – 1932) — револуционер
  • Христо Волканов (1874 – 1905) — просветен деец и револуционер
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads