Христо Иванов - Мајсторчето

From Wikipedia, the free encyclopedia

Христо Иванов - Мајсторчето
Remove ads

Христо Иванов Огненов, познат како Мајсторчето[1] или Леринчето[2] — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Thumb
Лазар Бицанов и Христо Иванов - Мајсторчето.

Огненов е роден во градот Лерин, a водел потекло од селото Загоричани, Костурско. Тој го завршил основно образование и работел кај татко му како чирак ѕидар. Во 1900 година, тој влегол во ВМОРО. Дејствувал како курир и терорист[3], како и врска меѓу раководителот на месниот комитет, Филип Георгиев, и четата на Марко Лерински. Тој бил откриен за време на Иванчовата афера од 1901 година, и станал комита во четата на Марко Лерински. Во јануари 1902 година, во Костур, Христо го убил Трајан од Кономлади, кој се движел со османлиски војници по селата и го тероризирал месното население. По ова убиство, тој избегал по патот кон Апоскеп, но бил стигнат од еден стражар, по кого стрелал со револвер, а на крајот се самоубил, за да не биде фатен жив.[4][5][6] Погребан е во братската могила во Апоскеп.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads