Кономлади

село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Кономлади
Remove ads

Кономлади (грчки: Μακροχώρι, Макрохори, до 1928 Κονομπλάτι, Кономблати)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција. И покрај големите иселувања, селото до денес е населено исклучиво со Македонци.[3]

Кратки факти Кономлади Μακροχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 25 километри северно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта во јужните делови на Нередска Планина и на 10 километри североисточно од Габреш. Селото се наоѓа на надморска височина од 950 метри.

Историја

Меѓу Кономлади и Брезница се остатоците од тврдината Градишта, која датира од средниот век. Според археологот Николаос Муцопулос, денешното село е населено по пропаста на средновековната или античка населба во тврдината. Преданието вели дека замокот имал златна плоча и скриено богатство.

Според селската легенда селото било основано од тројца браќа, кои побегнале од Турците во месноста Цер. Подоцна селото се преселило на денешното место[4].

Во XV век во Кономлади биле евидентирани 139 глави на домаќинства[5]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кономлади се состоело од 110 семејства со 300 жители муслимани и 400 Македонци[6][7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Кономлади имало 1.100 жители Македонци[6][8]. Во 1897 година била изградена селската црква посветена на Свети Атанас[9], додека кон крајот на XIX век било отворено егзархиско училиште[10].

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кономлади се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 180 куќи.[11]

Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, биле убени Јане Темелков и Стојан Иванов. Во востаничките чети загинале Васил Китев, Мељо Гелев, Доне Карамфилов, Васил Трајов, Стојан Мељов, Ставро Донев, Лазо Гелев и Димитар Котев[12].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1.136 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија 400 македонски патријаршисти и работеле две училишта, грчко и бугарско[6][13], како и 496 македонски патријаршисти[14]. Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 200 Грци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 230 македонски семејства[15]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.[16]

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[3]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1202 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1031 жител. Во 1927 година, селото било преименувано во Макрохори.[17] Во текот на Првата светска војна, според официјалните бугарски документи, 32 жители се засолниле во Бугарија, додека 36 заминале во Бугарија по 1919 година. Во селото имало 13 политички убиства.[18]. Според Симовски, во периодот меѓу војните во Бугарија се иселиле голем број на лица.

Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупатори[19], по кое било предадено на бугарските сили.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 219 деца од селото биле протерани како деца бегалци[18]

По крајот на војната започнала масовна емиграција од селото кон Австралија, САД и Канада. Поради ова, бројот на населението започнал да се намалува.

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото броело 802 жители.[20], додека во 1940 година селото броело 946 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 438 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 444 жители, во 1971 година имало 341 жител, во 1981 година имало 300 жители, додека во 1991 година имало 244 жители[21]. Денеска, населението на селото е 214 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Цркви

Личности

Thumb
Митре Влаот
Родени во Кономлади
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads