Христо Оџаклиевски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Христо Оџаклиевски (Суровичево, Леринско, Егејска Македонија, 1921 - Тирана, Албанија, 17 мај 1943 ) — македонски партизан.
Животопис
Христо Оџаклиевски е роден во 1921 година во леринското село Суровичево, Егејска Македонија, каде што татко му бил на работа. Христо бил чевларски работник. Co Народноослободителното движење соработувал од 1941 година, а член на КПЈ станал на почетокот од 1943 година. Во март 1943 станал борец на Мавровскиот партизански одред. Во борбата со балистите на 27 април 1943 година во Ново Село, Гостиварско, бил заробен со уште девет македонски партизани. Тие набрзо биле префрлени во политичкиот затвор во Тирана, Албанија, каде што на 17 мај 1943 година италијанските фашисти го обесиле со уште петмина од нив: Илија Антевски - Смок, Душко Поповиќ, Раде Угриновски, Драге Тодоровски и Трифко Андоновски.[1] Истиот ден, Околискиот комитет на Комунистичката партија на Албанија за Тирана организирал масовни демонстрации на кои излегле илјадници жители на Тирана.[2][3]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads