Христо Христов

македонски доктор From Wikipedia, the free encyclopedia

Христо Христов
Remove ads

Примариус д-р Христо Христов (31 октомври 1927 , Битола - 10 април 2017 , Битола) — македонски лекар, специјалист по оториноларингологија и виш здравствен советник. Основоположник на одделението за уво, грло и нос во Клиничката болница во Битола.[1][2]

Кратки факти Роден, Починал ...
Thumb
Thumb
Remove ads

Животопис

Thumb

Христов ги завршил студиите по медицина во Белград во 1952 година, специјализирал оториноларингологија во Загреб каде учел од надалеку прочуениот доктор Анте Шерцер. Специјалистичките студии ги завршил во 1957 година. Веднаш потоа, на 20 ноември 1957 година, го отворил првото одделение за уво, нос и грло во внатрешноста на Македонија, во кое работел до пензионирањето (1987). Се усовршувал во Полска, Германија, Прага и во други европски градови, а своите искуства ги пренел и во Африка, каде две години бил доктор и директор на Југословенската болница во Бенгази.

Д-р Христов бил долгогодишен началник на одделението за уво, нос и грло каде извршувал најделикатни операции и единствен доктор за цела Југозападна Македонија во тоа време.

Во својот работен век, прегледал над 100.000, а оперирал над 25.000 лица. Бил и сојузен пратеник за здравство во тогашна Југославија.

Д-р Христов бил семеен човек, оженет за Љиљана Ивошевиќ-Христова со две високообразовани ќерки, Вера и Жанета, како и три внуци Мартина Кимовска, Марија Мустрик и Мишел Марковски.

Remove ads

Награди

Добитник е на бројни награди и признанија за придонес во здравството, меѓу кои и Награда „4 Ноември“ за посебни заслуги и придонес во здравството во 1968 г. Истата година ја стекнал и титулата примариус за уво, грло и нос.

Бил одликуван и со Орден на трудот со сребрен венец од страна на СФРЈ Југославија.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads