ПФК ЦСКА (Софија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

ПФК ЦСКА (Софија)
Remove ads

ПФК ЦСКА Софија или само ЦСКА Софија е бугарски фудбалски клуб од Софија. Во моментов клубот се натпреварува во Првата лига на Бугарија, највисокото фудбалско ниво во оваа земја. Името на клубот ЦСКА е кратенка и значи Централен спортски клуб на армијата (на бугарски: Централен Спортен Клуб на Армията).

Кратки факти ЦСКА Софија, Целосно име ...
Remove ads

Клубот е официјално основан на 5 мај 1948 година, но корените на ЦСКА датираат од армискиот офицерски клуб основан во 1923 година.[1] Со 31 титула шампион на Бугарија, 21 Куп на Бугарија и 4 Суперкупа, тие се најуспешниот бугарски фудбалски клуб на сите времиња.[2] Исто така, на меѓународната сцена ЦСКА е двократен полуфиналист на КЕШ и еднаш полуфиналист на КПК.

Својте домашни натпревари ги игра на стадионот Бугарска армија. Нивен најголем соперник е Левски Софија со кој го играат Вечното дерби на Бугарија.

Remove ads

Историја

Клубот е создаден на 5 мај 1948 година, по спојувањето на Септември Софија со воениот клуб ЦДВ под името „Септември при ЦДВ“. Новиот клуб го заземал местото на „Септември“ во првенството. Во финалето, Септември при ЦДВ се сретнал со Левски и после поразот со 1-2 во првиот натпревар и победата со 3-1 во вториот, клубот ја освоил својата прва титула. Одлучувачкиот реванш натпревар бил одигран на 9 септември 1948 година, а составот на „армејците“ бил следниов: Стефан Геренски, Борислав Футеков, Манол Манолов – Симолијата, Димитар Цветков, Никола Алексиев, Нако Чакмаков, Димитар Миланов, Стојне Минев, Стефан Божков, Никола Божилов и Кирил Богданов.

Во својата прва сезона во новосоздадената „А“ група, Септември при ЦДВ завршил на второто место. Крум Милев бил назначен за тренер на тимот. Истата година, започнала реконструкцијата на стадионот Народна армија, каде клубот започнал да ги игра своите натпревари.

Во летото 1949 година, „Септември“ се одвоил како независна единица, а армијскиот тим бил преименуван во „Централен дом на Народната армија“ (ЦДНВ). Сезоната 1949-1950 започнала нормално, но по одигрувањето на три кола од есенскиот дел тоа било прекинато поради реорганизација на движењето за физичка култура во Бугарија по советски модел. Потоа бил создаден турнир за одредување на учесниците во Софија за наредната сезона 1950-1951, на кој се квалификувале најдобрите пет екипи. По завршувањето на турнирот, ЦДНВ останува на 6-то место. Со одлука на спортскиот дел на МЗБ, на местото на уште еден армијски клуб Ботев Пловдив, бил создаден тим со најсилните играчи од ЦДНВ, Ботев, Черно Море, Сливен и други тимови на армијата. Името на обединетиот клуб било „Народна војска“. Тимот повторно завршил на второто место зад Динамо.

Од следната сезона тимот го наследил софискиот армиски тим ЦДНВ, а останатите армиски тимови стартувале од пониските дивизии. Во 1953 година, тимот повторно бил преименуван - овој пат во "Отбор на Софијскија гарнизон", каде мнозинството негови играчи од почетниот тим биле обврзани да играат само во репрезентацијата на Бугарија во квалификациите за СП во Швајцарија 1954.

Во 1954 година, ОСГ веќе бил наречен „Централен дом на Народната Армија“ (ЦДНА), а периодот 1954 - 1962 година бил најуспешен, бидејќи армискиот тим освоил 9 титули по ред. Во 1956 година, ЦДНА учествувал на второто издание на новосоздадениот турнир КЕШ, стигнувајќи до четвртфиналето.[3]

Remove ads

Имиња

  • Септември при ЦДВ 1947-49;
  • Народна војска 1950;
  • Ц.Д.Н.В. 1951-1952;
  • Отбор на Софијскија гарнизон 1953;
  • ЦДНА 1954-62;
  • ЦСКА „Червено знаме“ 1962-68;
  • ЦСКА „Септемвриско знаме“ 1968-85;
  • ЦФКА „Средец“ 1985-89;
  • ЦСКА од 1989;

Играчи

Моментален состав

Повеќе информации Бр., Позиција ...

Поранешни познати играчи

АЛЖИР
  • Алжир Раис М'Боли
БРАЗИЛ
  • Бразил Фернандо Каранга
  • Бразил Маркињос
  • Бразил Мишел Платини
  • Бразил Хуан Фелипе
  • Бразил Џеферсон
БУГАРИЈА
  • Бугарија Ивајло Андонов
  • Бугарија Цветан Атанасов
  • Бугарија Красимир Безински
  • Бугарија Димитар Бербатов
  • Бугарија Стефан Божков
  • Бугарија Цоњо Василев
  • Бугарија Ѓорги Велинов
  • Бугарија Борис Гаганелов
  • Бугарија Емил Гаргоров
  • Бугарија Ѓорги Денев
  • Бугарија Спас Џевизов
  • Бугарија Велизар Димитров
  • Бугарија Ѓорги Димитров (Џеки)
  • Бугарија Ѓорги Димитров (Црвениот)
  • Бугарија Динко Димитров
  • Бугарија Петар Жеков
  • Бугарија Иван Зафиов
  • Бугарија Радослав Здравков
  • Бугарија Трифон Иванов
  • Бугарија Ѓорги Илиев
  • Бугарија Цветан Јончев
  • Бугарија Стојан Јорданов
  • Бугарија Никола Ковачев
  • Бугарија Божил Колев
  • Бугарија Иван Колев
  • Бугарија Емил Костадинов
  • Бугарија Манол Манолов
  • Бугарија Владимир Манчев
  • Бугарија Димитар Марашлиев
  • Бугарија Пламен Марков
  • Бугарија Димитар Миланов
  • Бугарија Крум Милев
  • Бугарија Стојчо Младенов
  • Бугарија Георги Најденов
  • Бугарија Анатоли Нанков
  • Бугарија Аспарух Никодимов
  • Бугарија Стојан Орманџиев
  • Бугарија Панајот Панајотов
  • Бугарија Димитар Пенев
  • Бугарија Лјубослав Пенев
  • Бугарија Мартин Петров
  • Бугарија Кирил Ракаров
  • Бугарија Ангел Рангелов
  • Бугарија Васил Романов
  • Бугарија Борис Станков
  • Бугарија Кирил Станков
  • Бугарија Христо Стоичков
  • Бугарија Гаврил Стојанов
  • Бугарија Лачезар Танев
  • Бугарија Јордан Филипов
  • Бугарија Никола Цанев
  • Бугарија Нако Чакмаков
  • Бугарија Димитар Јакимов
  • Бугарија Крум Јанев
  • Бугарија Христо Јанев
  • Бугарија Костадин Јанчев
  • Бугарија Тодор Јанчев
ГАНА
  • Гана Едвин Џаси
ГАМБИЈА
  • Гамбија Али Соу
ЕКВАДОР
  • Еквадор Хорди Каиседо
ИТАЛИЈА
  • Италија Стефано Белтраме
ИРСКА
  • Ирска Греам Кери
  • Ирска Килијан Шеридан
КАМЕРУН
  • Камерун Раул Лое
КОЛУМБИЈА
  • Колумбија Густаво Кулма
КОНГО
  • Конго Бредли Мазику
ЛИТВАНИЈА
  • Литванија Витаутас Чернјаускас
ЛУКСЕМБУРГ
  • Луксембург Орелиен Јоахим
МАДАГАСКАР
  • Мадагаскар Анисе
МАКЕДОНИЈА
ПОРТУГАЛИЈА
  • Португалија Тијаго Родригеш
  • Португалија Рубен Пинто
РОМАНИЈА
  • Романија Флорентин Петре
СЕНЕГАЛ
  • Сенегал Ибрахима Гај
УКРАИНА
  • УкраинаБразил Жуниор Мораеш
Remove ads

Наводи

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads