Царева Чешма (Шопско Рударе)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Царева Чешма или Локва — населба од неолитското, железното и доцноантичкото време кај кратовското село Шопско Рударе.

Повеќе информации Основни податоци ...

Помеѓу селата Шопско Рударе и Татомир[1]. се наоѓа месноста Царева Чешма која претставува тесна долина. Во непосредната близина на чешмата се издига ниска чука што доминира во долината. На површината на чуката се среќаваат фрагменти од керамички садови со фина и груба фактура и претежно со сива боја, карактеристични за неолитот и за железно време. Во доцноантичкото време теренот исто така бил користен, на што упатува големиот број делови од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Населбата била оградена со масивен бедем, делумно зачуван во темелите. Според податоците од мештаните, најдени се неколку монети од римскиот период и рановизантиски кои се чуваат кај В. Поповски, учител во селото.[2]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads