Цветна дршка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Цветна дршка — стебленце (петелка) што го носи цветот,[1] а се наоѓа под цветната ложа до листот во чии пазуви се развил цветот (прицветник — брактеја). Цветовите без цветна дршака се нарекуваат седечки.
Особености
На цветната дршка се ноѓаат листови наречени брактеоли. Присуството или отсуството на овие листови е значаен таксономски показател, и по правило, кај еднокотиледоните е присутен еден и тоа на иста страна со прицветникот, додека кај двокотиледоните има два и тоа на спротивната страна од него. Низ цветната дршка минуваат спроводни снопчиња и стигнуваат до цветната ложа.[2]
Значење
Од особеностите на цветната дршка зависи и на кој начин ќе се сушат цветовите со помош на глицерин. Цветовите со зелјеста дршка се сушат во топол раствор од глицерин, а оние со дрвенеста дршка се сушат на ладен.[3]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads