Цимери

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Цимери - македонска комедија.[1]

Кратки факти Цимери, Жанр ...

На 12 октомври 2015 на телевизија Алфа започнала новата хумористична играна серија „Цимери“. Проектот бил дел од сопствената играна продукција на Алфа содржел 40 епизоди од по 30 минути. Режисер бил Тихомир Бачовски, кој изјавил дека дејството опфаќало реални ситуации од животот со веродостоен игран приод.

Извршен продуцент на серијата бил Тони Ристов, а се работело според идеја на Ефтим Трајчов.

Сценаријата ги напишале Ефтим Трајчов, Елена Стојановска и Зоран Бојаровски. Главните улоги ги толкувале: Кристина Атанасова Арсова, Снежана Киселичка, Миле Вратеовски, Милорад Ангелов, Ефтим Трајчов Ѓаурски, Бојан Велевски и други македонски артисти.

Remove ads

Улоги

Повеќе информации Глумец, Улога ...

Заплет

Главните шест лика се Марко, Цветко, Митко, баба Цена, Финка и Свјатло Красимиров, кои ќе го прикажат животот на цимерите во Скопје низ комичните ситуации на нивниот секојдневен живот. Случките низ кои ќе ги градат ликовите се од современото живеење и се проткаени со хумористични и иронични заплети. Темите се актуелни, секојдневни и провокативни, од вработување и градење кариера до вљубување, сексуалност, па се’ до тоа како да се преживее во голем град.

Remove ads

Музика

Музичката тема на серијата “Цимери” ја изведуваат Куку Леле, а серијата е снимана во студиото на Алфа и на неколку локации во Скопје.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads