Црква „Св. Илија“ - Струмица

From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Илија“ - Струмицаmap
Remove ads

Свети Илијаманастир посветен на пророкот Илија на планината Еленица, на околу 4 км од градот Струмица.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Манастирот бил изграден во XVI век, но се смета дека претходно на истото место постоел друг манастир којшто датирал уште од порано. Манастирот бил разрушен во 1923 година, но истиот бил повторно изграден во периодот од 1975 до 1984 година.

Внатрешноста на црквата е исполнета со иконостас на Исус Христос, а ѕидовите се обоени со евангелистите Марко, Матеј, Лука и Јован. Иконостасот во црквата е направен од дрво.[2]

Граѓаните на Струмица секоја година ја следат традицијата и на 2 август, празникот на пророкот, масовно во приквечерината и навечер ја поминуваат трим-патеката и го посетуваат манастирот, оддавајќи почит на пророкот и потсетувајќи се на Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads