Црква „Воздвижение на Чесниот Крст“ - Станица Аканџали

црква во Станиџа Аканџали, Дојранско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Воздвижение на Чесниот Крст (грчки: Υψώσεως Τιμίου Σταυρού) — црква во селото Станица Аканџали, Дојранско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Полјанско-кукушката епархија на Цариградската патријаршија.

Кратки факти Воздвижение на Чесниот Крст, Место ...

Во 1930 г. во селото Чаали доселените Грци од Турција изградиле црква. Со постепеното населување на жителите од околината, Чаали е припоено кон Станица Аканџали, а старата црква станала премала за да се задоволат потребите. На 30 ноември 1975 г. на сретселото во Станица Аканџали е удрен камен-темелникот на црквата „Воздвижение на Чесниот Крст“. Првата литургија е отслужена на 5 септември 1982 г., а црквата е осветена на 10 април 1983 г. Изградбата е финансирана од мештаните и голем број иселеници.[1]

Во дворот на храмот има параклис „Св. Катерина“. Гробишната црква „Св. Лазар“ исто така е параклис на храмот.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads