Чаали

поранешно село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Чаалиmap
Remove ads

Чаали (грчки: Μικρόβρυση, Микровриси; до 1927 г. Τσααλή, Цаали[1]) — поранешно село во Дојранско, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Денес е маало на селото Станица Аканџали.

Кратки факти Чаали Κρητικά, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е западно маало на Станица Аканџали.[2]

Историја

Во XIX век Чаали било муслиманско село во Дојранската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чаари Езели (Tchaari-Ezzéli, т.е. Чаали и Ерџели) е село во Авретхисарската каза со 35 куќи сочинети од 60 жители муслимани и 27 Македонци.[3][4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Чаали имало 180 жители Турци и 45 Роми.[5]

За време на Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска.

По Втората балканска војна во 1913 г. согласно Букурешкиот договор селото влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 189 жители, а во 1920 г. во него се заведени 190 лица.[6]

Во 1924 г. согласно Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци. Во 1927 г. селото е преименувано во Микровриси (во превод мала чешма, мал извор). Во 1928 година селото е заведено како дојденско со 43 семејства сочинети од 177 лица.[7]

На пописот од 1940 г. бројто на жителите е пресметан во населението на Станица Аканџали, но продолжило да се води како самостојно сè до 1990-тите, кога станало маало на Станица Аканџали.

Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads