Црква „Вознесение Христово“ - Полаки
црква во селото Полаки, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна манастирска црква на Полачкиот манастир во кочанското село Полаки, Македонија.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа на патот за маалото Борово Брдо, високо над вливот на Лиса во Борова Река, каде се наоѓа и истоименото археолошко наоѓалиште.[2]
Историја
Храмот бил подигнат во првите години од четвртата деценија на XX век со доброволни прилози на православните верници.[2] Била изградена на темели од стара еднокорабна црква.[3]
Според зачуваните податоци на иконостасот, осветувањето на храмот се извршила на 21 мај 1936 година за време на празникот Вознесение Христово. Бидејќи црквата била подигната за време на Кралството Југославија, истата била под српско влијание, поради што во иконостасот е вклучена и икона на Свети Сава во цел раст.[2]
Во 2001 година била донесена одлука за обновување на црковниот храм.[2]
Remove ads
Архитектура
Градбата претставува еднокорабна црква. При обновата во 2001 година, претходниот објект од 1936 бил зачуван и бил проширен на запад со новоизградена купола и доградба на полуотворена припрата на западната страна со една купола.[2]
Фрескоживопис
Храмот добил фрески по одлуката на црковниот одбор во 2007 година. Фреските ги насликале Павлинка и Столе Илиеви од Кочани.[2]
Икони и иконостас
При обновата на црквата добила дрвен иконостас со икони во два реда, царски двери и крст на средината. На новиот иконостас биле сместени и иконите од постарата градба. [2]
Камбанарија
Храмот добил ѕвоно уште при неговата изградба, кое истовремено се користело и како повик на жителите од околните маала во случај на одредена опасност или потреба за собирање на населението.[2]
Галерија
- Поглед на црквата
- Воздушен поглед
- Ниша над главниот влез
- Ниша над главниот влез
- Споредниот влез
- Припратата
- Sвоно во припратата
- Куполата
- Главниот влез
- Апсидата
- Камбанаријата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads