Полаки
село во Општина Кочани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Полаки — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.
Remove ads
Потекло и значење на името
Постои кажување за тоа како селото го добило името. Според него, главно занимање на населението од овој крај било сточарството. Сточарите најчесто своите стада ги паселе покрај речните ливади, т.н. лаки. На прашањето каде ќе бидат утрешниот ден најчесто одговарале „ПО ЛАКИ-те“.[2]
Географија и местоположба

Полаки се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Кочани, чиј голем атар се допира со подрачјата на општините Кратово и Крива Паланка.[3] Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 780 до 1.110 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 22 километри.[3]
Полаки се граничи со селата: Јастребник и Горно Гратче на југ, Речани, Костин Дол, Ново Село и Небојани на исток, Саса на североисток, Станци, Дурачка Река и Дренак на север, Емирица на запад, Јамиште, Зеленград и Шталковица на југозапад.[2]
До маалото Скорово води асфалтен пат од градот Кочани, додека до другите маала на селото се стигнува по земјен пат.[2]
Полаки има разбиен тип со куќи групирани во маала, оддалечени едно од друго и по неколку километри. Селото го сочинуваат 14 различни маала: Кршла, Крушка, Скорово, Ширината, Рамно Нивиште, Качаник, Д’лги Дел, Борово Брдо, Лопен, Рамно Брдо, Касиро, Лисо Брдо, Суво Брдо и Бабиште.[2]
Remove ads
Историја
Атарот на селото не бил предмет на посеопфатни истражувања. Сепак, се знае за остатоците од обѕидие градена од камен со варов камен, кое се издига високо на зарамнетиот врв на ридот Градиште, над вливот на Лиса во Борова Река.[2] На месноста е подигната црквата „Св. Спас“, по кого е и наречено самото археолошко наоѓалиште.[4]
Стара доцноантичка населба веројатно имало и на месноста Селиште, каде што се откриени остатоци од садови, питоси, градежна керамика и покривни ќерамиди, а биле откривани и гробови.[2]
Најстарите турски записи за селото се од пописните дефтери од 1570-73 кога селото е спомнато како Полатица. Во пописните дефтери од 1846/47 година биле спомнати две села - Полаки и Д’лги Дол. Во Полаки имало 118 даночни обврзници, додека во Д’лги Дол 14.[2]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 74,5 километри квадратни. Во рамките на селскиот атар, шумите преовладуваат на површина од 5.742 хектари, на пасишта отпаѓаат 1.237 хектари, а обработливото земјиште е на површина од 399 хектари.[3]
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Полаки живееле 500 жители, сите Македонци.[5]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Полаки имало 636 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.[7]
Од Полаки се иселил голем број на населението и тоа преминало од големо во мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото броело 1.024 жители, а во 1994 година бројот се намалил на само 245 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, селото имало 113 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 29 жители, од кои 15 Македонци, 1 останат и 13 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Remove ads
Општествени установи

- Поранешно основно училиште „Вера Циривири“
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Полаки било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Кочани, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Оризари.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кочани.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Полаки, во која покрај селото Полаки се наоѓале селата Вранинци, Главовица, Горно Гратче, Долно Гратче, Јастребник, Костин Дол, Небојани, Ново Село, Припор, Речани и Црвена Нива. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Полаки, во која влегувале селата Вранинци и Полаки.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0872 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 61 гласач.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 67 гласачи.[16]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[4]
- Св. Спас — градиште од доцноантичкото време; и
- Селиште — населба и некропола од доцноантичкото време.
- Цркви[17]
- Црква „Вознесение Христово“ — манастирска црква;
- Црква „Св. Петка“ — црква со трпезарија и извор со лековита вода; и
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — црква со извор со лековита вода.
Селото во минатото имало неколку цркви кои денес не постојат. Цркви имало кај маалата Бабиште, Суво Брдо и во близина на гробиштата, а во маалото Крушка постоела црква „Св. Илија“.[18]
- Манастири
- Полачки манастир — помал манастир
- Реки[19]
- Бела Река — река низ селото;
- Лопенска Река — река низ селото; и
- Велика Река — река низ селото.
- Бела Река покрај маалото Река
- Воздушен поглед на манастирот
- Манастирската црква „Вознесение Христово“
- Малата црква „Св. Петка“
- Лопенска Река
Remove ads
Личности
- Родени во или по потекло од Полаки
- Анчо Соколов (? — 1932) — македонски револуционер и деец на ВМРО.
Галерија
- Маалото Скорово
- Чешма во Скорово
- Куќа во маалото Цреша
- Маалото Река
- Куќа во Река
- Објект во близина на манастирот
- Куќи во маалото Бабиште
- Земјен пат од маалото Бабиште до селото Јастребник
- Поглед во маалото Бабиште
- Воздушен поглед на атарот на Полаки
- Куќи во маалото Рамно Нивиште
- Традиционална куќа во Бабиште
- Пат во атарот на Полаки
- Куќи во Полаки
- Куќи во Полаки
- Куќи во маалото Лисе Брдо
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads