Црква „Вознесение Христово“ - Тополчани
црква во Тополчани, Прилепско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вознесение Христово (Св. Спас) — црква во прилепското село Тополчани, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е сместена на сретселото. Според натписот на мермерна плоча, градежните работи се завршени на 26 мај 1864 г. под началствувањето на митрополитот Венедикт Византиски. Зографските работи во внатрешноста започнале веднаш по изградбата. Ангажиран е зографот Адамче Најдов од Прилеп, чие име со годината 1864 се спомнува на краткиот натпис на напречната греда во наосот. Друг натпис на гредата над јужната врата вели дека живописувањето е завршено на 29 јули 1869 г. за време на свештеникот Алексиј Константинов и епитропите Нешко и Тошо Кочеви, а зографи биле Константин и Димитар Анастасови од Магарево.[1]
Remove ads
Поврзано
- Тополчанска парохија
- Прилепско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads