Црква „Живоносен Извор“ - Старчишта

црква во Старчишта, Драмско From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Пресвета Богородица Живоносен Извор (грчки: Ζωοδόχος Πηγή Περιθωρίου) — црква во селото Старчишта, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Кратки факти Живоносен Извор, Место ...

Црквата е завршена на 24 април 1876 г. според плоча на ѕидот. Претставува трикорабна базилика типична за XIX век.[2] Тремот на западната страна, образуван од колонада, подоцна е затворен.[1] Иконостасните икони се дело на Стерјо Зограф (Серги Георгиев) од Неврокоп и се датирани 1859, 1865 и 1877.[1] На крајот на XIX - почетокот на XX век „Живоносен Извор“ била програчката (патријаршиска) црква во селото, а „Св. Никола“ била во рацете на Бугарската егзархија.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads