Црква „Пресвета Богородица“ - Јанче

црква во селото Јанче From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Пресвета Богородица“ - Јанчеmap
Remove ads

Пресвета Богородица — главна и единствена црква во долнореканското село Јанче.[1] Црквата се наоѓа во јужниот дел од селото.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Во првата половина на 2014 година, непознати сторители влегле во црквата преку прозорец од задната страна и украле три поголеми и една помала икона со старост поголема од еден век.[2]

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида во задниот дел. Главната влезна врата е сместена на западната страна и над неа има ниша со ликот на Богородица и Исус, а до внатрешноста на храмот води и споредба врата сместена од северната страна. На ѕидовите од црквата има повеќе прозорци. Црквата е градена од камен и е покриена со кров од ќерамиди.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда, а во него се наоѓаат помошен објект и камбанаријата. Камбанаријата е со правоаголна основа и истата се состои од два дела. Во долниот дел е отворена од сите страни, додека во горниот има по една голема монофора на западната и источната, како и по една голема бифора на северната и јужната страна. Покриена е со пирамидален лимен кров. Од надворешната страна на оградата, непосредно од десната страна на портата има чешма со натпис на српски јазик.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads