1295
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1295 (MCCXCV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1295 година од новата ера, 295. од вториот милениум, 95. од XIII век и шеста од 1290-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6803 и 6804 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6045 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5055 и 5056 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2048.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1295 година се протега во 3931 и 3932, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3991 и 3992 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1838. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 694 и 695 исламска година.
Remove ads
Настани
- 20 јуни - Папа Бонифациј VIII го предлага договорот од нањи, во обид да донесе мир меѓу династиите Анжу и Арагон, во Сицилија. Овој договор не дал големи резултати.
- 26 јуни - Пшемисл II е крунисан за Крал на Полска.
- 23 октомври - Прв воен договор помеѓу Шкотска и Франција насочен против Англија, е потпишан во Париз.
- Монголскиот водач Махмуд Газан го прифаќа исламот.
- Џајаварман VIII на Кмерско Царство во Камбоџа абдицира од престолот; Индраварман III го наследува.
- Марко Поло се враќа во Венеција, по неговите патувања до Кина.
- Филип IV Убавиот и Папа Бонифациј VIII започнуваат да имаат несогласувања.
- Изградена е црквата „Пресвета Богородица Перивлептос“ во Охрид.
- За првпат се споменува градот Зелин.
- Во периодот помеѓу 1282-1295, за време на војните помеѓу Византија и Србија, српскиот крал Милутин го освоил Кичево и тогаш византиските војски конечно го напуштиле градот.
- Јаков станал солунски митрополит.
- Најстариот Грб на Бугарија датира од 1295 година.
Remove ads
Родени
- 16 септември - Елизабета де Клер, англиска благородничка (п. 1360)
- непозната дата
- веројатно
Починале

- 25 април - Крал Саншу IV Кастилски (р. 1257)
- 8 август - Отоне Висконти, архиепископ на Милано (р. 1207)
- 12 август - Карл Мартел Анжујски (р. 1271)
- октомври - Мајнхард II, војвода од Корушка (р. 1238)
- 7 декември - Гилберт де Клер, англиски политичар (р. 1243)
- 20 декември - Маргарета Прованска, сопруга на Луј IX (р. 1221)
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads