Портрет

From Wikipedia, the free encyclopedia

Портрет
Remove ads

Портрет (француски слика на нечиј лик, од латинскиот збор protrahere што значи да се изнесе на виделина) означува во ликовната уметност приказ на некој одреден човек односно на неговиот лик или и фигура. Покрај чисто надворешната сличност треба да се истакнат и психолошките карактерстики на оној кој е портретизиран. Функцијата на портретот е да репрезентира одредена личност и да сочува спомен на неа. Многу учења и религии (на пример исламот) го отфрлаат портретот токму затоа што за него врзуваат некои окултни особини.[1]

Thumb
Портрет од римско време
Thumb
Автопортрет на Винсент ван Гог
Remove ads

Видови портрети

Thumb
Ханс Олде - Портрет на Алдехајд фон Шорн (1906), Leinwand Staedtischer Kunstbesitz, Касел

Не сметајќи го видот на уметноста (цртеж, масло на платно, акварел), стилски правец (на пример барок) и видот на материјалот (на пример портрет во бронза) ги разликуваме следните видови на портрети:

  • според положбата на главата ги делиме на профил, полупрофил, изгубен профил и анфас.
  • во зависност од приказот на фигурата: слика на глава или рамениците, полуфигурални или целофигурален портрет, портрет до колена, фигура во лежечка положба, во седечка или стоечка положба, фигура на коњаник и акт.
  • според бројот на портретизирани личности разликуваме поединечен, двоен и групен портрет.
  • во зависност од причината имаме на пример венчален, погребен или ктиторски портрет.
  • во зависност од тоа од кој потекнува имаме автопортрет.
  • во зависност од формата на сликата (минијатурни портрети или портрети на медалјони)
  • според положбата во општеството на претставениот односно претставените (портрет на владетели, уметници, научници, Слика на стрелачки дружини).[2]
Remove ads

Историски развој на портретот

Во стариот Египет се развил пластичниот портрет со фини психолошки црти постепено од идеализирани форми на древни ориентални портрети на владетелите (амарнски стил). Во доцниот старогрчки период и хеленизмот се развил извесен натурализам во прикажувањето на физиономијата. Во Рим најпрвин бил застапен изразито реалистичен стил со многу поединечни одлики- што било условено со култот на предците и со етрурското влијание - додека потоа не се повеќе идеализирани под влијание на владетелските култови на царевите. Оваа на крај довело до потполно осиромашување на уметничкиот приказ. Под римското владеење во Египет се создале портрети на мумии што биле први самостојни портретски слики на дрво.[3]

Во ранохристијанската и средновековната уметност се изгубила античката традиција на портретирање затоа што овоземската човекова форма не била сметана за важна и за достоинствено прикажување. Кај средновековните портрети (на пример на надгробните плочи или во сликањето на минијатурите) биле доволни атрибути (инсигнии, грбови) за идентификација на оној кој е претставен. Инаку, ликот е прикажуван млад, сведен, схематизиран и идеализиран.

Thumb
Ѓорѓи Зографски, Женски портрет, околу 1894

Првата промена на овој став се покажала во 14 век на пример на портретските бисти на работилницата Парлер во Прага или на фигурите на ктитори на олтарските композиции. Тогаш настанале и првите автопортрети во пластика. Првиот автономен двоен портрет во полна фигура го насликал Јан ван Ајк околу 1425 година (венчална слика на брачниот пар Арнолфини). Во сликарството и уметноста изработката на медали на италијанската Рана ренесанса преовладал најпрвин класичниот, строг портрет на профил (на пр. кај Пизанела).

На почетокот на 16 век стигнала нововековната уметност на портретот под влијание на новото хуманистичко гледање на човекот својот први процут и развила цела лепеза на форми. Значајни портретисти од времето на ренесансата се Леонардо да Винчи, Рафаел, Тицијан во Италија а северно од Алпите тоа се Албрехт Дирер, Лука Кранах Старији, Антонис Мор, Жан и Франсоа Клуе. Сликарството на портрети на мал формат кое се развило во Франција во 15 век стекнало интернационално значење благодарејќи на сликарите како што се Ханс Холбајн Млаѓи а во епохата на рококо ќе напредува до омилената форма на сликање портрети.[4]

Во барокот, најпрвин водечка била уметноста на портрети кои доаѓале од Холандија а во XVIII век тоа била портретската уметност на Англија (Томас Гејнсборо, Џошуа Рејндолс, Хенри Рејберн). Сликарството на портрети се искачило на скалата на вредности до најзначајна уметничка задача-за што пример е ситуацијата во апсолутистичка Франција каде на дворовите на кралевите работеле специјалисти за портрети. При тоа поважно од психолошкиот израз била возвишената претставителност која се создавала со помош на патетичната поза и помпезното драпирање со раскошни ткаенини кои биле чести во рамки на некоја митолошка сцена.

Кон крајот на XIX век, портретското сликарство го губи своето најистакнувано значење поради појавата на фотографијата и покрај тоа што повремено се користат нови техники (Франц фон Ленбах). Во XX век првенствено германските сликари на експресионизмот овозможиле делумно оживување на овој уметнички вид (Ловис Коринт, Оскар Кокошка, Макс Бекман). Повеќе не се барале реалистични или идеализирани прикази туку само психолошко претставување. Во делата на некои уметници како што е Пабло Пикасо овој пристап водел до апстракција.

Remove ads

Најзначајни сликари на портрети

Познати портрети

Портретот како мотив во книжевноста

  • „Портрет на инфантата“ — песна на рускиот поет Павел Антокољски.[7]
  • „Потрет“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[8]
  • „Портрет по сеќавање“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[9]

Галерија

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads