Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Крушица

манастирска црква на Ѓуришкиот манастир From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Крушицаmap
Remove ads

Рождество на Пресвета Богородица – манастирска црква на Ѓуришкиот манастир.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Црквата се споменува во средновековни извори[2] и познато е дека била разрушена во XVI век од страна отоманските власти.[3] Денешната црква била обновена во периодот од 1920-1930 година,[3] а постојат и извори кои посочуваат дека била изградена во 1880 година.[4] Иконите на иконостасот биле изработени во XIX век, но не е познат од кој зограф.[3] Црквата била преосветена на 15 мај 2017 година.[5]

Remove ads

Архитектура

Градбата на црквата е еднокорабна и претставува крстокуполен храм и тристрана апсида на источната страна. Куполата има осумаголна основа и на секоја страна има по една монофора. Кон западната, северната и источната страна на храмот е доградена припрата. Главниот влез е сместен на западната и страна и над него има ниша со фреска којашто го отсликува рождеството на Пресвета Богородица, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто исто така има ниша со мозаик на којшто е прикажана Богородица со Исус. Над припратата од западната страна, непосредно пред главниот влез во црквата се издига камбанаријата. Таа има осумаголна основа и се состои од два дела и на секоја страна од двата дела има по една монофора. Објектот е обоен во темноцрвена боја, а рабовите се во бела боја.

Remove ads

Галерија

Црквата пред доградбата во 2010-тите години
Црквата по доградбата во 2010-тите години

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads