Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Крушица
манастирска црква на Ѓуришкиот манастир From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рождество на Пресвета Богородица – манастирска црква на Ѓуришкиот манастир.[1]
Remove ads
Историја
Црквата се споменува во средновековни извори[2] и познато е дека била разрушена во XVI век од страна отоманските власти.[3] Денешната црква била обновена во периодот од 1920-1930 година,[3] а постојат и извори кои посочуваат дека била изградена во 1880 година.[4] Иконите на иконостасот биле изработени во XIX век, но не е познат од кој зограф.[3] Црквата била преосветена на 15 мај 2017 година.[5]
Remove ads
Архитектура
Градбата на црквата е еднокорабна и претставува крстокуполен храм и тристрана апсида на источната страна. Куполата има осумаголна основа и на секоја страна има по една монофора. Кон западната, северната и источната страна на храмот е доградена припрата. Главниот влез е сместен на западната и страна и над него има ниша со фреска којашто го отсликува рождеството на Пресвета Богородица, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто исто така има ниша со мозаик на којшто е прикажана Богородица со Исус. Над припратата од западната страна, непосредно пред главниот влез во црквата се издига камбанаријата. Таа има осумаголна основа и се состои од два дела и на секоја страна од двата дела има по една монофора. Објектот е обоен во темноцрвена боја, а рабовите се во бела боја.
Remove ads
Галерија
- Црквата пред доградбата во 2010-тите години
- Поглед на црквата
- Споредниот влез
- Мозаикот над спроедниот влез
- Црквата по доградбата во 2010-тите години
- Поглед на црквата
- Припратата на западната страна
- Припратата на северната страна
- Припратата на јужната страна
- Главниот влез
- Нишата над главниот влез
- Споредниот влез
- Нишата над споредниот влез
- Куполата
- Апсидата
- Камбанаријата
- Внатрешноста
- Иконостасот
- Лустерот
- Фреска којашто го прикажува успението на Пресвета Богородица
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads



