Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Небојани
црква во селото Небојани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рождество на Пресвета Богородица – главна селска црква во селото Небојани. Сместена е во маалото Просија.
Remove ads
Историја
Се претпоставува дека на местото на црквата во минатото имало крст каде што се собирале мештаните. Според легенда којашто ја прераскажувале постарите жители на селото, на местото седеле тројца селани и пред нив се појавила Богородица Марија. По тој повод, црквата била изградена во 1947 година.
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа со купола и полукружна апсида апсида на источната страна. Куполата има осумаголна основа и на секоја нејзина страна има по една монофора. Главениот влез на црквата е сместен на западната страна, а до него водат отворен трем и вестибил. Црквата има и спореден влез на јужната страна. Над вестибилот се издига камбанаријата којашто е со квадратна основа.
Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него има чешма.
Remove ads
Галерија
- Поглед на црквата
- Влезната порта од дворот
- Главниот влез
- Споредниот влез
- Куполата
- Камбанаријата
- Куполата (лево) и камбанаријата (десно)
- Апсидата
- Чешма во дворот
Поврзано
Надворешни врски
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Небојани на Ризницата ?
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads