Црква „Св. Ѓорѓи“ - Бистрица (Велешко)
црква во селото Бистрица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи — гробишна селска црква во азотското село Бистрица, Македонија.[1]
За други значења на поимот, погл. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Бистрица.
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа под селото, на патот кога се доаѓа од соседното село Богомила,[1] вкопана во земја, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Историја
Според стилско-ликовните одлики на сочуваниот фрескоживопис, црквата потекнува од XVII век.[2]
Според истражувачот Јован Трифуноски, оваа црква е најстара во Бистрица.[1]
Архитектура
Црквата е мала еднокорабна градба со неправилна полукружна апсида на исток. Градена е од кршен камен и покриена со едноставен двосливен покрив. На западната страна, црквата има затворен трем. Црквата имала полуобличест свод, кој во поново време е заменет со рамна таваница, што може да се заклучи од неприродното преполовување на сликаните композиции во внатрешноста.[2]
Фрескоживопис
Согласно напишаната година (1697 г.) на икона на Свети Никола во црквата, се претпоставува дека во тој период е насликана и целата црква.[2]
Живописот во внатрешноста на црквата е препокриен со вар, а од она што е сочувано може да се идентификуваат следниве сцени: во конхата на апсидата е насликана Богородица Ширшаја со допојасна претстава на малечкиот Христос во медалјон насликан на нејзините гради. Во долната зона, како дел од Службата на архијереите насликани се претставите на двајца архијереи со отворени свитоци во рацете од кои оној од јужната страна е Јован Златоуст. Јужно од конхата на апсидата е насликана Богородица застаната пред архитектонска градба, како дел од композицијата на Благовештението. Под нејзината фигура, сочуван е портрет на непознат архијереј. На јужниот ѕид е сочуван детаљ од капењето на малечкиот Христос, како дел од композицијата Раѓањето Христово. На западната страна е сочуван дел од композицијата Успението на Богородица. Богородица е легната на посмртна постела, а ја придружуваат двајца светители и еден ангел.[2]
- Фреска од Богородица во црквата
Иконостас
Според анализата на сочуваната резба, царските двери може да потекнуваат од крајот на XVI или почетокот на XVII век. Кога би ја прифатиле годината запишана на иконата на Свети Никола дека е сепак 1697 година, што според некои автори е поприфатливо, тогаш и хронологијата на дверите би ја уточниле според овој податок.[2]
Галерија
- Влезот во црквата
- Поглед на црквата
- Селските гробишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads