Црква „Св. Ѓорѓи“ - Вранештица
црква во Вранештица, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи — доцносредновековна селска црква во кичевското село Вранештица, Македонија.[1] Прогласена е за споменик на културата на Македонија.
Самата црква всушност е означена како археолошко наоѓалиште од типот доцносредновековна црква и некропола.[2]
Мештаните за црквата кажуваат дека е „римска“. Околу нејзе се наоѓаат гробишта за жителите на Горното Маало на селото Вранештица.[3]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа непосредно до селото, од јужната страна, на мала височинка.[2] Сместено е во Горно Маало на селото.[4]
Околу неа има некропола со гробови од камени плочи.[2]
Историја
Била подигната во XVI-XVII век.[2] Според историчарите на уметноста црквата била изградена кон крајот на XVI век.[5]
Сепак, други извори наведуваат дека таа е подигната и живописана со помош на „мали и велики“ (жители) во времето на турскиот султан Бајазит и епископот кир Герасим, најверојатно во 1498/1499 година.[4]
Архитектура
Има правоаголна основа со мали димензии и покрив на две води од камени плочи, а на источната страна мала полукружна апсида.[2] Црквата е еднокорабна.[4]
Фрескоживопис
Црквата поседува фрескоживопис.[2] Била живописана за само 20 дена од Димитар Зограф, кој се потпишал инверзно на крајот од ктиторскиот натпис.[4]
Во сликаната програма внимание привлекува царскиот Деисис, со Христос, Богородица и Јован Крстител, потоа претставата на патронот Св. Ѓорѓи во благородничка облека и Св. Никола со епитет Крмител.[4]
Црквата поседувала фасаден живопис, кој е делумно зачуван.[4]
Галерија
- Гробишта околу црквата
- Припратата на црквата
- Апсидата
- Помошниот објект
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads