Црква „Св. Ѓорѓи“ - Дебреште
црква во селото Дебреште From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во селото Дебреште.[1] Црквата е сместена во средишниот дел од селото, во непосредна близина на Горна, Камена и Средна џамија.
Remove ads
Историја
Црквата била изградена и осветена во 1932 година, а била реновирана во 1979 година.[2]
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот на црквата е сместен на западната страна и над него се издига камбанаријата. Таа има четириаголна основа и на секоја страна од горниот дел има по една бифора, додека во долниот дел сместен непосредно наад влезот на црквата има окно во коешто е впишан крст. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди. Од делови на камбанаријата се забележува и употреба на тули. Внатрешноста на црквата е живописана.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него има помошен објект.
Remove ads
Галерија
- Влезната порта од дворот на црквата
- Дворот на црквата
- Влезот на црквата
- Камбанаријата
- Апсидата
- Помошниот објект
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads