Црква „Св. Ѓорѓи“ - Дреново (Драмско)
црква во Дреново, Драмско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи (грчки: Αγιος Γεώργιος στο Μοναστηράκι) — црква во селото Дреново, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата е изградена во 1842 г. Реновирана е во 1911 г., за што сведочи натписот под прозорецот на јужниот ѕид. Градбата претставува трикорабна базилика со димензии 16,90 × 11,20 м. Има женска црква на запад и трем, кој на југ стасува до влезот. Камбанаријата е од западната страна на храмот, точно до влезот. На вградена плоча се запишани градителот на камбанаријата и годината на изградба: διά χειρός Λάσκου 1890 (Од рацете на Ласко 1890).[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads