Дреново (Драмско)
село во Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дреново или Драново (грчки: Μοναστηράκι, Монастираки[2][3][4]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 38 километри југозападно од градот Драма, на надморска височина од 330 метри.
Историја
Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 220 Турци и 330 жители Македонци[5][6]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 688 македонски гркомани. Освен тоа, во селото работело и грчко училиште[5][7].
Грција
По започнувањето на Балканските војни, од селото како доброволци учествувале две лица во Македонско-одринските доброволни чети[8]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 612 лица.[9]
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Монастираки[10].
Remove ads
Демографија
Во 1928 година во селото биле населени 24 грчки бегалски семејства со вкупно 109 луѓе[4]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 676 лица, додека во 1940 година селото броело 707 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 676 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 718 жител, во 1971 година имало 647 жители, во 1981 година имало 670 жители, додека во 1991 година имало 710 жители[13]. Денеска, населението на селото е 785 жители според пописот од 2011 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1842 г.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads