Црква „Св. Ѓорѓи“ - Лавце
црква во селото Лавце From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во тетовското село Лавце, Македонија.[1]
Црквата е особено посетувана поради чудотворниот даб, кој има отвор и во кој луѓе од сите националности се протнуваат три пати за да решат некој проблем.[2]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во источниот дел на селото.[3] Сместена е над асфалтниот пат кој доаѓа до селото, а покрај нејзе води патека до Тетовското кале.
Историја
Според легендата црквата потекнува од средината на 19 век. Имено тука дошла некоја жена од Русија на која ѝ се сонило да направи црква. Таа сама ги редела камењата и направила објект што личел на црква. Одвај се влегувало, но поставила крст и му дала име на светецот. На тоа исто место, зачувувајќи ги старите ѕидови, лавчани изградиле нова црква, а до неа и трпезарија која со годините прераснува во конак каде што се собираат на селската слава Атанасовден и на празникот „Св. Ѓорѓи“. Црквата била цел на кражби и оштетувања.[4]
Во 1946 година, кога селото било посетено од истражувачот Јован Трифуноски, во селото немало црква туку селаните имале изградено капела врз руините на старата црква.[3]
Од март 2019 година започнале активности на уредување на надворешниот дел на црквата, обложувајќи ја со декоративен камен. Во активностите биле опфатени и црковниот двор, конакот и трпезаријата. Воедно, била доградена камбанарија над влезната врата од црквата.[5]
Настани од 2001
За време на конфликтот од 2001 година црквата била подложна на воени дејствија. Биле забележани оштетувања на фасадата, скршени стакла на прозорците и оштетување на кровот. Во внатрешноста немало оштетувања.
Remove ads
Галерија
- Поглед на црквата (2017 г.)
- Ниша со фреска над западната страна на камбанаријата
- Ниша со фреска над северната страна на камбанаријата
- Влезот
- Ниша со фреска над јужната страна на камбанаријата
- Апсидата
- Задниот дел
- Конак во црковниот двор
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads



