Црква „Св. Ѓорѓи“ - Пелинце
црква во селото Пелинце From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи (позната и како Свети Ѓорѓија) — главна селска црква во козјачкото село Пелинце.[1] Црквата е сместена во маалото Златанци, во непосредна близина на старото основно училиште.
Remove ads
Историја
Според авторот Јован Трифуноски, црквата била започната во 1925 година, а осветена во 1936 година. Претходно, на тоа место се наоѓал голем камен крст. Градбата на црквата многу ја помогнале браќата Андреј и Василиј Спасиќ, пекари, по потекло од Пелинце, но иселени во Пожаревац.[2]
Во 1967 година во близина на црквата бил подигнат помошен објект.
Галерија
- Камбанаријата на црквата
- Помошниот објект близу црквата
- Просторија до црквата
- Поглед на црквата
- Поглед на камбанаријата
- Влезот во црквата
- Крст во дворот на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads