Црква „Св. Ѓорѓи“ - Тројаци

црква во селото Тројаци From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Тројациmap
Remove ads
Remove ads

Свети Ѓорѓицрква во селото Тројаци.[1] Сместена е во јужниот дел од селото, во дол окружен со остатокот од селото.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Црквата била изградена во 1838 година, а била живописана во 1850 година. Во 1892 година бил дограден отворен трем од западната страна.[2] Во црквата се вградени повеќе римски столбови и делови архитравни греди (сполии)[3] на кои веројатно претходно им се припишувало духовно значење.

Архитектура

Градбата на црквата претставува трикорабна базилика со полукружна апсида од надворешната и од внатрешната страна.[2]

Дворот на црквата е ограден со камена ограда која има две влезни порти — една од западната и една од јужната страна. Камбанаријата се наоѓа од левата страна пред западната порта од дворот на црквата и таа има примитивен облик и се состои од метална конструкција со квадратна основа која е покриена со пирамидален лимен кров. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта и трпезарија.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Loading content...

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads