Тројаци
село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тројаци или Тројак[2] — село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.
Remove ads
Remove ads
Географија и местоположба
Тројаци се наоѓа во источниот дел на Општина Прилеп, во горното сливно подрачје на реката Раец, во близина на превојот Плетвар, од десната страна на регионалниот пат Прилеп-Кавадарци. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 600 м. Од градот Прилеп е оддалечено околу 20 км. Неговиот атар зафаќа површина од 19,7 км2.[3]
Историја
Подрачјето на Тројаци е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Ридот сместено на висорамнина од југоисточната страна на селото.[4]
Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
Пролетта 1907 настанала борба помеѓу еден дел од четата на Петар Ацев, предводена од Стефан Шиндилов и аскерот. Четата била опколена во една пештера кај Тројаци при што загинале сите нејзини членови — 6 четници и 1 селанец.[5]
Remove ads
Стопанство
Селото има полјоделско-сточарска функција. Во селскиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 893 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 357 ха, а на шуми отпаѓаат 281 ха.[3]
Население
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тројаци било село со 40 домаќинства и 173 жители.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тројаци имало 380 жители.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 280 жители.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тројанци се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 42 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]
Селото броело 224 жители во 1961 година, додека во 1994 година во селото живееле 30 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 11 жители, сите Македонци.[10] Од нив 4 биле мажи, а 7 жени.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
Тројаци е македонско село.
Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото се:
- Староседелци: Чеповци (9 к.), Марковци-Ќимовци (5 к.), Шипинковци (2 к.), Трајановци (1 к.), Шутевци-Утковци (3 к.), Митковци (3 к.), Стојковци (5 к.) и Станковци-Цуцуловци (2 к.).
- Доселеници: Стојановци (1 к.) доселени се од селото Топлица , Кушовци (1 к.) доселени се од селото Беловодица.[15]
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; во периодот од 1952 до 1955 година било седиште на истоимената Општина Тројаци; а во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во склоп на Општина Плетвар.
Избирачко место
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1426 кое е сместено во приватна куќа.[16]
Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[17]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[4]
- Василички Гробишта — некропола од римско време
- Грамаѓе — населба од римско време
- Дебел Рид — осамен наод (монети) од римско време
- Манастирче — населба од римско време
- Ракида — некропола од железно време
- Ридот — неолитска населба
- Солишта — осамен наод (монети) од доцноантичко време
- Црква Св. Ѓорѓија — осамени наоди од римско време
- Црквиче — осамен наод од римско време
- Цркви
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква изградена во 1838 година.[18]
- Реки
Remove ads
Личности

- Родени во Тројаци
- Никола Бошков, наречен Тројачанец (1867 - 1946) — револуционер на ВМОРО
- Петре Николов — селски учител, татко на Ѓорче Петров[20]
- Таше Колев (? - 1905) — милиционер на ВМОРО, загинал во родното село во борба со Турци[21]
- Христо Трајков — борец во Руско-турската војна (1877-78), починал пред 1918 г.[22]
- Починати во Тројаци
- Никола Станев (? – 1907) — револуционер на ВМОРО, роден во Крн, Бугарија, четник на Стефан Шиндилов[23]
- Стефан Шиндилов - Шиндил (п. 1907) — прилепски војвода на ВМОРО.
Remove ads
Иселеништво
Од 1870 до 1910 година од селото има иселеници на следните места. Прилеп, Алексинац, Крагуевац, Белград, Софија и САД.[15]
Галерија
- Селска чешма
- Чешма во близина на црквата
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads