Црква „Св. Ѓорѓи“ - Туденце
црква во селото Туденце From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи Победоносец претставува црква во тетовското село Туденце.[1] Црквата се наоѓа на месноста Бучало и потекнува од 6 век. Таа е најстарата троконхална црква во Македонија[2] и е возобновена на патрониот празник Ѓурѓовден на мај 2012 година.[3]
Remove ads
Откривање
Старите темели на црквата се откриени во февруари 2004 година. Ден пред тоа на сега покојниот Тихомир Крстевски на сон му се јавил светецот Ѓорѓи Победоносец, кој му рекол „сите ме газите, а никому не текнува да ме открие. Да појдеш, да ме откопаш и да ме осветиш“, му рекол на сонот светецот, посочувајќи му точно на кое место се наоѓа храмот. Тихомир почнал да копа и на длабочина од половина метар ги пронашол ѕидовите на некогашниот храм во пределот на олтарот. Подоцна нему му се придружиле и други жители на Туденце и под надзор на Музејот на тетовскиот крај, по речиси еден месец работа, наоѓалиштето било расчистено. Според професорот Виктор Лилчиќ, црквата потекнува од втората половина на 6 век.[3]
Црквата има два влеза, големиот кој е и главен на западната страна и малиот на јужниот дел. На северната страна од објектот е пронајдена крштилница, а откриена е и мермерна пластика во олтарот. Црквата е изградена на старите темели врз основа на проект изработен од Благоја Стојковски, виш конзерватор во Националниот конзерваторски центар. Има површина од 130 квадратни метри.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads