Црква „Св. Ѓорѓи Кратовски“ - Кратово

црква во градот Кратово From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Ѓорѓи Кратовски“ - Кратовоmap
Remove ads

Црква „Св. Ѓорѓи Кратовски“ - Кратовоцрква во градот Кратово, во Општина Кратово. Црквата е сместена во долниот дел на градот, близу Кратовска Река, до Автобуската станица во Кратово, во дворот на некогашните стари градски гробишта.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата била изградена во 1925 година во чест на Св. Ѓорѓи Кратовски, кој бил прогласен за заштитник на градот во 2002 година од страна на Советот на општина Кратово.[1]

Remove ads

Светец

Црквата била подигната во чест на светецот Свети Ѓорѓи Кратовски, кој бил спален на клада во 1514 година поради непримањето на исламот, а подоцна бил прогласен за светец од православната црква.[1] Ѓорѓи Кратовски е единствениот маченик прогласен за светец од Кратово од страна на православната црква од XVI век.[2]

Сликата на овој маченик била пронајдена под тули при реновирање на куќата за која се верувало дека била неговата родна куќа. На неа, пишувало: „Ова е мојот син, запален заради Христа во Софија“. Сликата била однесена во црквата посветена на овој маченик, која тогаш се градела во Кратово. Подоцна, зографот Димитар Папрадишки сликата ја пресликал во црквата во Кратово, како и во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads