Црква „Св. Јован Богослов“ - Костур
црква во Костур, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Јован Богослов (грчки: Αγίου Ιωάννη του Θεολόγου) — црква во градот Костур, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата на „Св. Апостоли Сервиотски“.[1][2][3][4]
Црквата била подигната во XIX век врз темелите на постар храм, чиј архитектонски елементи се вградени во ѕидаријата.[2] Градбата претставува трикорабна базилика со припрата и отворен трем на јужната страна.[2] Во внатрешноста има вредни икони, како тие на светецот-заштитник[2] и на Благовештението. Иконите се стари и преработени, веројатно пренесени од постарата црква.[3] Во храмот има и убава, насликана резба. На амвонот порано имало словенски натписи, но подоцна биле избришани.[5]
Во 1991 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[1]
Remove ads
Икони
- Сретението Господово со кирилични потписи, XVIII–почеток на XIX век
- Свети Димитриј, денес во Костурскиот византиски музеј
- Вознесение Илиево, 1898 г.
- Рождество на Пресвета Богородица, XVIII век
- Рождество Христово, XVIII–почеток на XIX век
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads