Црква „Св. Александар“ - Белица

црква во селото Белица From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Свети Александар — христијански храм, гробјанска црква на кичевското село Белица.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата е сместена во јужниот дел на селото, на рид, во обраснат шумовит предел. Црквата е многу стара и е изградена на темели на постар објект. Таа е една од ретките што се посветени на светиот маченик Александар Римски, кој маченички пострадал токму во Македонија. Во црквата е регистриран археолошки објект. Во 1912 година, при расчистувањето на просторот од источната страна на црквата бил откриен гроб во кој имало сребрени монети што биле однесени од тогашниот српски началник.[2] Според преданија, тука се смета дека се наоѓаат моштите на свететоц Александар. Во еден дел од црквичето има камен со латински натпис.[3]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads