Белица (Кичевско)

село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia

Белица (Кичевско)map
Remove ads

Белица — село во областа Копачка, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Демир Хисар. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Името на селото првпат е споменато како „Белица“ во XV век.

За значењето на името има неколку мислења:[2]

  • потекнува од бел (спротивно на „црн“) + -ица, семантички еквивалент на Бела Река;
  • образување на придавката „бел“; и
  • од белица, некој вид на глинеста бела земја.

По народно предание, селото го добило своето име од белиот камен (белутрак), кој го има во овој крај.[3]

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, на јужната страна на Кичевската Котлина, чиј атар се издига на источната падина на Илинска Планина и се допира со подрачјето на Општина Дебрца.[4] Селото е ридско, на надморска височина од 760 метри. Од градот Кичево е оддалечено 21 километар.[4]

Белица е сместена во крајниот јужен дел на Кичевската Котлина. Се наоѓа во горниот тек на Беличка Река, десна притока на Треска. Беличка настанува со спојување на две помали реки, Горна и Темна. Горна Река тече од југоисточна страна, а Темен Дол од југозападна страна.[3]

Со долината на реката, селото е отворено кон север. Од другите страни е обиколени од шумски делови.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Стара лоза, Карма, Острец, Темни дол, Крушје, Градиште, Шеоец, Старцине, Црвејнца, Рамни, Кармиче, Чуркоец, Требејнци, Попов дол, Горна река, Присој и Цветков извор.[3]

Селото има збиен тип, а куќите на поединечните родови се заедно. Поголемите групи куќи на родовите ги носат следниве називи: Куслевци, Мурговци, Костевци, Галдевци и други.[3]

Белица е доста богата со вода и покрај бројните извори се наоѓаат и врелата на две реки кои се слеваат во една и ја образуваат Беличка Река која во близината на село Другово се влева во Велика Река (Треска). Атарот на селото Белица граничи со атарите на следните села: од запад и југозапад со селата Мраморец и Слатино, од југ со Прострање, од север и североисток со Козица и Кладник, и од исток со селата Мало и Големо Црско.

Remove ads

Историја

Thumb
Споменик во селото

Возвишението Градиште се наоѓа на планинскиот масив југозападно од селото, каде се наоѓа изворот на Темен Дол. Меѓу народот се верува дека потекнува од римско време.[3]

Белица било старо село во Кичевско, кога е споменато и во првите турски дефтери од 1467/68 година, меѓутоа тоа село подоцна пропаднало. На атарот на селото постоело и помала населба на месноста Горно село, источно од денешното. Три македонски домаќинства од тоа село се преместиле во денешното село. Од нив потекнуваат родовите Куслевци, Дуковци и Миовци.[3]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 68 семејства, 4 неженети и 1 вдовица, сите христијани.[5]

Населението од ова село активно има учествувано во Брсјачката Буна, како и во Илинденското Востание.

Во XIX век, Белица било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 31 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.112,9 хектари, на пасиштата отпаѓаат 698,1 хектар, а на обработливото земјиште 243,7 хектари.[4]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[4]

Во минатото селото имало работилница за изработка на килими, во која работеле 30 работници.[3]

Во регионот каде се наоѓа Белица владее пријатна умерено континентална клима поволна за одгледување на бројни земјоделски култури од кои најзастапени се пченката и компирот. Оваа клима пријатно годи на овошките како јаболка, црешни, сливи и друго. Регионот на Белица е богат со шуми од кои најзастапен е дабот и борот. Порано селото било доста богато со овци и кози кои броеле неколку илјади од кои денес има останато многу малку.

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците од 1873 година, селото имало 60 домаќинства и 240 жители мажи.[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Белица имало 750 жители.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Белица имало 824 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Белица се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 100 куќи.[9]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Белица:[10]

Повеќе информации Домаќинства, Гурбетчии ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.[11]

Во минатото Белица било голема населба, која подоцна преминала во средна, а со текот на намалувањето на населението, денес е мало село, како и останатите во околината на областа Копачка.

Белица е зафатена со значителна отселување, бидејќи бројот на населението се намалил од 702 жители во 1961 година, на 115 жители во 1994 година, македонско население.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Белица живееле 103 жители, од кои 102 Македонци и 1 останат.[12]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 54 жители, од кои 52 Македонци и 2 лица без податоци.[13]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]

Родови

Белица е македонско православно село.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите на XX век родови во селото се:

  • Староседелци: Куслевци (22 к.), Дуковци (10 к.) и Миовци (8 к.), порано живееле во месноста Горно Село, во атарот на селото Белица.
  • Останати родови:
    • Родови со познато потекло: Момировци (11 к.) и Степановци (7 к.), доселени се од селото Сопотница, Железник; Радевци (6 к.), доселени се од некое место во Албанија; Запатовци (1 к.), доселени се од раселениот град Закамен, Малесија; Поповци (1 к.), доселени се од селото Манастирско Доленци и Поповци (1 к.), доселени се од селото Цапари, Битолско.
    • Родови со непознато потекло: Мрлевци (5 к.) и Кочовци (3 к.), порано биле еден род; Блажевци (4 к.), Лакаровци (3 к.), Пуревци (2 к.), Волкановци (1 к.), Шулевци (1 к.), Костевци (13 к.), Галдевци (8 к.), Мурговци (12 к.), Соколовци (4 к.) и Василевци (3 к.).

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:

  • Доселеници: Вокановци (4 к.), Трпковци (5 к.), Блажевци (3 к.), Кокошаровци (6 к.), Момировци (11 к.), Радевци (4 к.), Степановци (2 к.), Мурговци (12 к.), Станојовци (12 к.), Малчевци (1 к.), Стојчевци (1 к.), Куслевци (15 к.), Костевци (11 к.), Мрлевци (2 к.), Кочовци (3 к.), Младеновци (4 к.), Голдевци (8 к.), Запатовци (1 к.), Соколовци (4 к.), Дуковци (18 к.), Поповци (3 к.), сите родови се доселени од Струшко од селото Белица и Лактиње во Дебрца.[18]
Remove ads

Општествени установи

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Брждани, во која покрај селото Белица, се наоѓале и селата Брждани, Видрани, Јудово, Козица и Свињишта.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0758 според Државната изборна комисија, сместено во селскиот дом.[19]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 44 гласачи.[20] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 43 гласачи.[21]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.[22]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Поглед кон главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Археолошки наоѓалишта[23]
Цркви[24]
Споменици
Реки[25]
Remove ads

Редовни настани

Традиционално, во селото има прослави и собири за:

Личности

Thumb
Спомен-чешма за загинатите во НОБ
Родени во Белица
Починати во Белица

По потекло од Белица

  • Влатко Лозаноски — познат македонски пејач, по потекло од Белица.
  • Методија Колоски — претседател на ОМД, по потекло од Белица.
Remove ads

Култура и спорт

Во селото се одржува мал фудбалски турнир на 26 мај.

Иселеништво

Според мештаните, од Белица се имаат отселено околу 100 македонски домаќинства. Најголем дел од нив по Втората светска војна. Иселеници може да се најдат во Кичево, Битола, Битолско, Тетово, Белград, Бугарија, Романија и Северна Америка.[3]

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads