Црква „Св. Антониј“ - Градешница
црква во селото Градешница From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Антониј – црква во селото Градешница.
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во пошумен предел на околу стотина метри источно од селото.
Историја
Бранислав Ристески од Институтот за старословенска култура во Прилеп во склоп на опсежни археолошки истражувања во периодот од 1990 до 1998 година открил дека на местото на коешто се наоѓаат денешните цркви „Св. Антониј“, „Св. Ѓорѓи“ и „Вознесение Христово“ од средината на II до крајот на III век постоел комплекс на римски вили. Местото на коешто денес се наоѓа црквата „Св. Антониј“ се користел за престој и бил наменет за уживање.[1] Црквата настанала откако вилата којашто се наоѓала на нејзиното место во IV век била претворена во ранохристијански храм, а остатоците се забележителни и денес. Во денешниот облик, црквата била изградена во текот на 1980-тите.[2]
Remove ads
Архитектура
Градбата на црквата е со правоаголна основа без апсида. Влезот се наоѓа на западната страна и во црквата се влегува преку дрвена врата. Десно од влезната врата има натпис на грчки јазик. Внарешноста на црквата не е зогафисана и во неа има бројни икони.
Во дворот на црквата, непосредно пред влезот има надгробен споменик.
Галерија
- Влезот на црквата
- Натписот до влезот
- Внатрешноста
- Надгробниот споменик
Поврзано
- Бренски манастир
- Црква „Св. Илија“ - Градешница
- Црква „Св. Димитриј“ - Градешница
- Црква „Св. Атанасиј“ - Градешница
- Црква „Св. Никола“ - Градешница
- Црква „Вознесение Христово“ - Градешница
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Градешница
- Градешница
- Преспанско-пелагониска епархија
- Битолско архијерејско намесништво
- Старавинска парохија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads