Црква „Св. Атанасиј“ - Градешница

црква во селото Градешница From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Атанасиј“ - Градешницаmap
Remove ads

Свети Атанасијцрква во селото Градешница. Се среќава и како манастирска црква.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа на неколку километри северно од селото, на ридот Атанасица којшто ѝ дава доминантна положба во однос на селото.

Историја

Црквата била изградена во 1980-тите години и долги години била во лоша состојба. Во периодот 2011-2012 била препокриена и ставена во заштита на Општина Новаци.[2]

Архитектура

Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има празна ниша, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто исто така има празна ниша. До северниот ѕид е доградена затворена припрата со дрвени ѕидови. Внатрешноста на црквата не е зографисана, а иконоастасот е во изработка. Објектот е изграден од варовник и во целост е покриен со кров од ќерамиди.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads