Црква „Св. Петар и Павле“ - Ѓорче Петров

црква во населбата Ѓорче Петров From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Петар и Павле“ - Ѓорче Петров
Remove ads

Свети Апостоли Петар и Павлецрква во населбата Ѓорче Петров во Скопје[1]. Храмот е посветен на апостолите Петар и Павле и се наоѓа на крајот на самиот парк, веднаш до амбулантата, противпожарната служба и крстосницата која води кон населбата Даме Груев (Геге) и Волково. Црквата доминира со својата импозантна големина. Фасадата обложена со кршен камен е направена во поново време (2002 година) од мајстори Македонци од Пустец во Мала Преспа. Над влезната врата стои македонското 16-зрачно сонце од Кутлеш. Храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“, што се наоѓа во населбата Ѓорче Петров, како соборен храм на верници од Општина Ѓорче Петров и на дел од Општина Карпош (Влае). Овој храм е првично изграден и осветен летото 1974 година на храмовиот празник - Петровден. Но заради лошата изведба и несоодветниот изглед, се јави потреба за негово реконструирање. Конечно во летото 2002 година Храмот беше реконструиран. Новиот изглед на грамот е со византиско-старомакедонски стил, со фасада изработена од камен и со нови 4 куполи. Сегашниот изглед на храмот “Св.Апостоли Петар и Павле” - Ѓорче Петров е уште еден бисер во македонската духовна архитектура.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads