Црква „Св. Архангел Михаил“ - Клиново
црква во Клиново, Кавадаречко From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Архангел Михаил — главна селска црква во кавадаречкото село Клиново, Македонија.[1]
Remove ads
Местоположбата
Црквата се наоѓа во некогашното село Клиново, во кое денес црквата е еден од ретките зачувани објекти.
Историја
За црквата не се зачувани никакви историски извори. Во неа нема натпис.
Во 1860 година, до нејзе била изградена нова црква со големи димензии, исто така посветена на Архангел Михаил. Денес, обете цркви се напуштени.[2][3][4]
Архитектура
Ова е еднокорабна градба со полукружна олтарна апсида на источната страна. Изградена е од плочест камен.
Фрескоживопис
Од фреските е зачуван само еден фрагмент во олтарната конха, од претстава на Богородица Ширшаја. Живописот сличен на оној од црквата „Св. Атанасиј“ во Галиште и најверојатно датира од крајот на XVII век.
Галерија
- Споредниот влез
- Ниша над споредниот влез
- Апсидата
- Источната страна
- Главниот влез
- Ниша над главниот влез
- Поглед на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads