Галиште

село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia

Галиштеmap
Remove ads

Галиште — село во Општина Кавадарци. Денес нема жители.[2]

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено во источниот дел на областа Тиквешко Мариово, на надморска височина од 740 м. Има многу голем атар кој зафаќа површина од 52,1 км2. Се претпоставува дека во постаро време Галиште се наоѓало на друго место поради положбата на црквата „Св. Атанасиј“.[3]

Околу возвишението на селото течат потоци кои подолу ја образуваат Галишка Река, која пак тече во јужен правец и завршува како притока на Црна на јужната атарска граница.

Remove ads

Историја

Подрачјето на Галиште е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта во околината.[4]

Меѓу околното население постои легенда за основањето и настанокот на името на селото, која вели дека во некое многу дамнешно минато во овој крај живееле тројца браќа: Гале кој заминал преку Трибор и го основал Галиште, Вито кој се населил и го основал Витолиште и Раде кој заминал преку Дрен Планина и го основал Радобил.[5]

Следат османлиски пописни податоци за Галиште од XV и XVI век кои го покажуваат растот на селото според бројот на неговите домаќинства:

Повеќе информации Статистички документ, Домаќинства ...

Во XIX век Галиште било чисто македонско село во Рожденската нахија (Мариово) на Тиквешката каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Галиште (Galischté) било село со 49 домаќинства, сочинети од 232 жители Македонци.[7][8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Галишта имало 700 жители, сите Македонци христијани.[7][9]

За народните носии во селото мариовскиот војвода Васил Балевски напишал:

Носијата на мажите и жените е сосема поинаква од онаа во Река и Тиквешко. Таа е бела кај мажите со малку вез, а кај жените со многу вез, која достигнува до 5-6 оки волнена преѓа. Појасите на жените се волнени плетени остри како женска коса и долги. Опашувањето претставува еден многу дебел прстен околу половината, направен од многу плетеници. Над челото потстрижени (цулувци), а од кај ушите се долги потстрижени и се нарекуваат кркма. Вода носат на глава. Мажите си ги носат ризите над гаќите и се опашуваат со разнобојни појаси (кемери).[10]


Remove ads

Стопанство

Галиште има полјоделско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. селото располага со 4.011,7 ха шуми, 155,3 ха обработливо земјиште и само 16,7 ха пасишта.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[11]

Иако порано било релативно големо село, Галиште почнало да се раселува во XX век, така што веќе по Втората светска војна имало значително помалку жители. Намалувањето на населението продолжило и понатаму, при што најдраматичниот пад се случил во 1970-тите, сведувајќи се од 292 жители во 1971 на само 15 жители во 1981 г. Во следните периоди имало по двајца жители, а според пописот од 2002 година, Галиште веќе немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви
Археолошки наоѓалишта[4]
Remove ads

Личности

Личности родени во Галиште:

  • Никола Ѓелев - симпатизер на народослободителната војска на Македонија.
  • Геле Галишки - Коџабашијата (? - 1904) — македонски револуционер, тиквешки војвода на МРО

Личности починати во Галиште:

Иселеништво

Според истражувањата направени во 1920-тите, родови со потекло од Галиште има во следниве населени места во тиквешкиот и мариовскиот крај:[16]

  • Бегниште: Кулевци (1 куќи)
  • Беловодица: Баба-Брезкинци (1 куќа) потекнуваат од домазет Стојан кој дошол од Царевиќ во 1910 г., а таму неговиот род е доселен од Галиште
  • Бојанчиште: Лазовци (1 куќа) доселени најпрвин во Полошко
  • Драдња: Дипиновци (6 куќи)
  • Праведник: Марчевци (4 куќи; наречени и Мијаилевци и Јуруковци), доселени во XIX век
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads