Црква „Св. Атанасиј“ - Годивле
црква во Годивле, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Атанасиј (или Свети Атанас) — главна селска црква во прилепското село Годивле, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа на самиот влез во селото Годивле, во близина на основното училиште. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Remove ads
Местоположба
Историја
Црквата била подигната и осветена во 1860 година од страна на митрополитот Венедикт Византиски.[3] Претходно на тоа место имало рушевини од стар храм.[2]
Архитектура
Претставува еднокорабна градба со полукружен свод и полукружна апсида со пет слепи ниши однадвор.[3]
Во олтарот како чесна трапеза служи римски архитектонски елемент, а во дворот има дел од мермерен столб и фрагменти од други архитектонски елементи.[4][5]
Фрескоживопис
Целосно е живописана во 1883 година од браќата Коста, Вангел и Никола Анастасови од Крушево. Фреските се оштетени.[3]
Галерија
- Селските гробишта
- Ниша со фреска над влезот
- Апсидата
- Помошниот објект
- Камбанаријата
- Главниот влез
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads