Црква „Св. Атанасиј“ - Забрчани
црква во селото Забрчани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Атанасиј – главна селска црква во селото Забрчани.[1] Сместена е на неколку стотина метри северозападно од селото.
Remove ads
Историја
Црквата била изградена во 1987 година по барање на селскиот црковен одбор заради задоволување на верските потреби на селаните.[2]
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот се наоѓа на јужната страна. Кон западната страна е доградена припрата до којашто води влезна врата сместена исто така на јужната страна.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата претставува примитивна метална конструкција.
Галерија
- Влезот на црквата
- Апсидата
- Камбанаријата
- Селските гробишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads