Забрчани

село во Општина Долнени From Wikipedia, the free encyclopedia

Забрчаниmap
Remove ads

Забрчани — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Забрчани се наоѓа во североисточниот дел на Прилепско Поле, под северозападните падини на планината Злато, на југоисточната страна од територијата на Општина Долнени. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 660 м. Неговиот атар зафаќа површина од 5,2 км2. Од Прилеп, селото е оддалечено 14 км.[2]

Историја

Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3]

Во Првата балканска војна, 3 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[4]

Во летото 2007 година, околината на селото била зафатена од пожари.[5] Во јули 2008, Забрчани и соседното село Мало Мраморани, ги зафаќа силен град, кој предизвикува огромна материјална штета - целосно уништување на неосигураниот земјоделски годишен род на тутун, лубеница и пченка.[6]

На почетокот на 2009 година, истражувањето на Центарот за управување со кризи покажало дека водата во Забрчани е бактериолошки неисправна.[7]

Remove ads

Стопанство

Селото има полјоделска функција. Во неговиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 333 ха, на пасишта отпаѓаат 117,4 ха, додека шумите зафаќаат површина од 36,2 ха.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“, во податокот за 1873 г. Забрчани е заведено двапати — еднаш како Запришани со 26 домаќинства и 128 жители Македонци, и втор пат како Запрчани со 49 домаќинства и 232 жители Македонци, но второто всушност дава податоци за селото Вепрчани.[8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Забрчани имало 130 жители Македонци христијани.[9] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Забрчани е село со 80 жители Македонци.[10]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Забрчани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 14 куќи.[11]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[12]

Remove ads

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 72 жители, сите Македонци.[13]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 50 жители, од кои 49 Македонци и 1 лице без податоци.[14]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[15]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[16]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[18]

Родови

Забрчани е македонско село.

Remove ads

Родови во Забрчани се:

  • Доселеници: Стрезовци (7 куќи) доселени се од селото Големо Коњари пред 220 години, го знаат следното родословие: Методија (жив на 59 години во 1950-тите) Стојан-Апостол-Диме-Стрезо-Петко-Богдан, од селото Големо Коњари се доселил предокот Стрезо, уште подалечно потекло имаат од селото Кореница, од каде се иселил Богдан; Бакаровци (6 куќи) доселени се од селото Долнени, таму припаѓале на родот Грневци; Ментевци (2 куќи) доселени се од селото Дреновци, и таму биле доселени однекаде; Ќосевци (5 куќи) најпрво живееле во Големо Мраморани, од каде најпрво се иселиле во Сенокос, па во Секирци и на крај овде; Плачковци (4 куќи) доселени се однекаде; Бардаковци (6 куќи) доселени се од селото Долнени, каде биле род со споменатите Бакаровци; Караџовци (6 куќи) и они се доселени од Долнени, каде исто така биле род со Бакаровци; Веселин (1 куќа) доселен од Стровија, таму припаѓал на родот Тренковци; Пејчиновци (1 куќа) доселени се од поречкото село Локвица во 1946 година.[19]

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Дупјачани.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1461 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[20]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 34 гласачи.[21]

Културни знаменитости

Thumb
Црквата „Св. Атанасиј“
Археолошки наоѓалишта[22][23]
Цркви[24]

Спорт

Во минатото, во селото бил активен фудбалскиот клуб Кадица Забрчани.

Иселеништво

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село. Ѓоровци и Пржевци целосно се иселиле во Прилеп. Караџовци иселени се во Дупјачани.[19]

Личности

Родени во Забрчани
  • Стојко Здравев — македонско-одрински доброволец, 20-годишен, 3 чета на 6 охридска дружина;
  • Тале Огњанов — македонско-одрински доброволец, 28 (40)-годишен, работник, 4 и Нестројна чета на 4 битолска дружина;
  • Јаким Тодоров — македонско-одрински доброволец, 20-годишен, работник, 2 чета на 4 битолска дружина, носител на орден „За храброст“;
  • Темелко Ристески — македонски правник.

Галерија

Наводи

Користена литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads